TAA E…ЕМИЛИЈА МИЦЕВСКА: “СЕКОЈ СИ ГО БИРА СВОЈОТ ТОВАР, ЈАС БИРАМ ДА СУМ ЉУБОВ И ДА БЛЕСКАМ”
За
да ја видите која е (не гледате, туку видите) само појдете в театар и ќе го
осознаете за неа токму она што јас го знам...ТАА Е жена-дете-заводничка-старица
и најважното, љубов. Ема не ја познавам долго време, напротив. Но, секогаш
велам дека е вистинско богатство кога ќе налетате на сродна душа, дека не
постои поубаво чувство на треперлива препознатливост кога чувствувате дека душите
ви се спојуваат. Мене тоа ми се случи со Ема, како да не постоеше времето,
разликата во години од аспект на искуството и поминатиот пат. Едноставно,
интровертот во мене како да си имаше заминато на годишен одмор и ме остави да
се изнамуабетам со неа.
Нека не ве лаже нејзината нежна појава, порцеланскиот тен и грациозноста. Ема е жена-дете која има страст во говорот, споделувањето на своите видувања за најобични работи, која се раѓа, умира и воскреснува на сцената.
ТАА Е жената за која не постојат граници во слободата.
ТАА Е жената која знае што сака, знае колку вреди и знае да љуби со ширум отворено срце...само затоа што е храбра и своја.
Ladies and gentlemen… ЕМИЛИЈА МИЦЕВСКА!
*Фото: Никола Јовановиќ
1. КОЛКУ СЕ НАВИСТИНА ЖИВОТ “ШТИЦИТЕ КОИ ЖИВОТ ЗНАЧАТ”, КОГА НЕКОЈ ЌЕ СЕ ОПРЕДЕЛИ ЗА ПРОФЕСИЈАТА АКТЕР/КА?
На тие штици ние животот си го оставаме. На тие проби, на таа сцена, во таа прашина
ние создаваме живот. Го даваме нашиот живот за да се роди нов. Многупати актерот
мора да ги убие своите перцепции и ставови за да може да раскаже туѓа болка, среќа,
тага, радост. Ние актерите буквално се преселуваме од дома во театар, од себе во некојдруг. Тоа се многу преселби, физички, емотивни. Но за нас не постои друг рецепт засреќа и задоволство. Само дајте ни сцена.
2. ЧИНАМ ДЕКА ТЕАТАРОТ ОСТАНУВА ЉУБОВ ЗА НАВЕК КОГА ЧОВЕК ЌЕ СЕ“НАВЛЕЧЕ” НА НЕГО. КАКВИ СМЕ КАКО ПУБЛИКА? ДАЛИ СМЕ НА НЕКОЕ ЗАДОВОЛИТЕЛНО НИВО ИЛИ ИМА УШТЕ МНОГУ БРУСЕЊЕ?
Некои денови има толку прекрасна публика, па дури и да е најтешката претстава веднаш би ја изиграле за нив уште еднаш. Си велам, тоа е редовната публикашто често доаѓа во театар. Но, има денови кога ние актерите сме публиката вотеатар. Мора да застанеме да дозборува некој на телефон во публика, сесправуваме со секакви дофрлања, коментари. Маж и жена се караат или сизборуваат со пријателките како да се по дома и гледаат филм. Апелирам да сеосвести театарската култура и етика, ако немате фокус едноставно седете сидома и пуштете си вести.
3. СЕГА СКОРО БЕШЕ ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ НА СТАТУАФЕСТ-ПРЕКИНАТИ ВРСКИ. КОЛКУ Е ТЕШКО ДА СЕ БИДЕ ЖИВА СТАТУА И МОЛКУМ ДА СЕ КАЖАТ ОДРЕДЕНИ СОСТОЈБИ КОИ НИ РОВАРАТ ВО УМОТ?
Тоа е апсолутен предизвик за мене. Целиот мој живот нешто се трудам да објаснами да се изразам, но во суштина преку молчењето се кажува сé. Со очите се кажува сé.Така што, тоа што бев дел од нештото за мене беше исцелување од повеќе аспекти.Уличните уметности, особено тивките уметности се многу гласни за тие што умеат дачујат.
4. ВЕЛАТ ДЕКА АКО СЕ ПРАША АКТЕР КОЈА ПРЕТСТАВА МУ Е НАЈОМИЛЕНА, ЌЕ Е ИСТО АКО СЕ ПРАША ПИСАТЕЛ КОЈА КНИГА НАЈМНОГУ СИ ЈА САКА ИЛИ СЛИКАР, КОЕ ДЕЛО МУ Е ПРИ СРЦЕ НАЈМНОГУ. НЕМА ДА ТЕ ПРАШАМ КОЈА ПРЕТСТАВА ТИ Е НАЈОМИЛЕНА, НО ЌЕ ТЕ ПРАШАМ ВО КОЈА ПРЕТСТАВА ЕМИЛИЈА СЕ ГЛУМИ САМАТА СЕБЕ ИЛИ БАРЕМ ПРИБЛИЖНО СЕ ГЛЕДА СЕБЕСИ ВО НЕА?
Сé што сум изиграла сум јас. Тоа што се чини дека не е мое и не ми се случило приватно во животот, пак има фрагменти од мене.Неважно дали нештото ми е лично познато, моја задача е да го откријам, да горазберам ликот па дури и да го оправдам за да можам да го создадам иизиграм. Сé што играме минува низ нас и колку и да сме различни со историјатана ликот, сепак, на крајот тоа е мојата свесност за туѓиот живот и емоции,одиграна низ мојот раст со себе. Немам омилена претстава. Јас сите ги сакам. Насите им се радувам. За “Чудна случка со кучето во ноќта” добив награда.Мојапрва во животот. Уште и’ се радувам исто како вчера да ми ја доделија. Таму играм мајка, а приватно не сум мајка. Изиграв стравови и таги на повеќе мајки што ги познавам. “Мојот маж” е... ах.. па да, таму дури најмногу може да се види која е Ема. Не само по личните приказни, мои. Туку по тоа како Ема плаче и се смее,како реагира на секоја претстава како да е прв пат , кога си ги гледа колегите како на сцена се играат себеси. Во “Падот на Масада” мислам дека ги изиграв сите лудила и болки на светот што не се мои. А сепак се мои. Само ги собрав и ги присвоив, за да ги раскажам.
*Фото: Никола Јовановиќ
5. НЕКОГАШ ЛУЃЕТО НЕМААТ ЧУВСТВО ЗА ТЕЖИНАТА НА ТВОЈАТА ПРОФЕСИЈА, КАКО ДА СИ МИСЛАТ ДЕКА АКТЕРСКАТА ИГРА Е ЛЕСНА, ИЛИ БАРЕМ НЕ ТОЛКУ СЕРИОЗНА. КАКО СЕ СПРЕМА ЕДНА ПРЕТСТАВА И ШТО ВСУШНОСТ ЗНАЧИ ДА СЕ СПРЕМИ АКТЕРОТ ЗА ДА ИЗЛЕЗЕ ПРЕД ПУБЛИКА?
Не, луѓето не знаат што работиме ние. Си мислат дека актерот е роден за да каже виц во друшво. За претстава макотрпно се истражува, се чита, се учат нови нешта, вештини, спортови, танци и многу, многу психологии. Како за цела претстава да учите
нов факултет. Па, сепак се гради нов свет. Ајде, би рекла замислете градите куќа. И кога куќата ќе е готова ставете ја на рамења и излезете да играте претстава. Толку.
6. ЗА ЖАЛ, ПОДНЕБЈЕТО НИ Е СÈ УШТЕ ПОЛНО ПРЕДРАСУДИ ВО ОДНОС НА ЖЕНИТЕ И НИВНИТЕ МЕСТА ВО ОДРЕДЕНИ ПРОФЕСИИ. КОЛКУ ЧЕСТО СЕ СУДИРАШ СО ТОА ДЕКА Е СОСЕМ ВО РЕД АКТЕРОТ ДА СЕ СОБЛЕЧЕ УГОЛ ГОЛ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ПРЕТСТАВАТА, А ЗА АКТЕРКИТЕ Е ТОА САМО ПРИЧИНА ПОВЕЌЕ ДА СЕ РАСПНАТ НА ЅИДОТ НА СРАМОТ?
Па ние повеќе се соголуваме облечени со расфрлање на чувствата, отколку ако некој се соблече. Прашањето е што за другите е голотија. Ние актеритесекако сме изложени со нашава професија. Тоа значи дека секој ќе те коментира. Ипритоа секој има докторирано на темата и секој е во право, нели? Предрасудите доаѓаат од заспан и ограничен ум. Престанав да реагирам на сечијкоментар. Имам гледано европска претстава каде актерите беа сите голи, но претставатабеше толку моќна што голотијата беше најневажното нешто додека ги гледаш какоиграат, без оптеретеност за сопственото тело и без срам што можеш само да им севосхитуваш. Е сега, во ова модерно време каде медиумите се преплавени со голотија,нејзината значајност веќе губи вредност.Светот нема да престане да коментира. Важно е секој да знае што е добро за него.Полесно е да разбиеш атом, отколку предрасуда, нели?
7. И КОГА ВЕЌЕ ЗБОРУВАМЕ ЗА ПРЕДРАСУДИТЕ, СО КОИ СИ СЕ СООЧИЛА?
Дека ако се бакнам со колега на сцена, јас сигурно го изневерувам партнерот.
8. КОЛКУ БЕШЕ ТРНЛИВ ПАТОТ ЗА ДА СТАСАШ ДОТУКА? КАКО ЗАПОЧНА ТВОЈАТА ЉУБОВНА ВРСКА СО ГЛУМАТА?
Ништо не е тешко кога човек знае што сака. Само треба да си спремен дека нештатачесто не се како што ние сакаме. Оваа љубов се случи уште во детството. Одев водрамски секции, учествував во сите патронати, бев дел од многу перформанси низ кои можеш да се експресираш. И еве, сéуште трае.
9. СИТЕ ИМАМЕ ИДОЛИ ВО СВОЈАТА ПРОФЕСИЈА. КОИ СЕ ТВОИТЕ И ЗОШТО ТОКМУ ТИЕ?
Не верувам во идоли. Верувам во цели. Што ќе достигнам ако имам идол? До кадеќе се развијам? Немам идоли учам од сите. За мене секој човек и актер носи својапосебност, мудрост и завидна екстраваганција. Не сакам да имам ништо омилено.Освен храна и љубов.
10. ПРЕД ПРОМОЦИЈА МОРА ДА ПОМИНАМ ВРЕМЕ САМА СО СЕБЕ И ДА МОЛЧАМ, ЗА ДА СИ ГИ СОБЕРАМ СИТЕ ДЕЛОВИ ОД СЕБЕ И ДА МОЖЕМ ДА ЈА ИСТУРКАМ ВЕЧЕРТА. КОИ СЕ ТВОИТЕ РИТУАЛИ ИЛИ ПОТРЕБНИ НЕШТА ЗА ДА БИДЕШ СВОЈА КОГА ТРЕБА ДА СИ НА СЦЕНАТА?
За некои изведби се спремам и два дена претходно. Важно ми е да сум наспана,хидрирана, фокусирана. Како што се чувам себеси, така ја чувам и сопственатаенергија. Ако сум со многу обврски и не можам ништо од ова да постигнам,половина час сама со себе во гримиорната ми дава целосна спремност даизлезам на сцена.
11. НОВИНАРСТВО ИЛИ АКТЕРСТВО…ИЛИ МОЖЕБИ ЕДЕН ДЕН ЌЕ СТОКМИШ УСПЕШЕН СПОЈ ОД ДВЕТЕ? ДА СЕ ВРАТИШ НА МОМЕНТОТ НА ОДЛУКА, ДАЛИ ЌЕ ГО НАПРАВИШ ИСТИОТ ИЗБОР?
Пак да се родам и пак да бирам, јас ќе бидам актерка. Еднаш во животот не бевдоволно храбра и си наплатив со тоа. Новинарството никогаш не било моја желба, тоа беше прибежиште за стравот дека не би ме примиле на ФДУ. Еден ден сфативдека не смеам да го пројдам животот без да пробам да го остварам сонот. Живототне е живот за да се помине во страв. За убавите нешта мора да сме храбри.
*Фото: Ерина Богоева
12. АКТЕРИТЕ, ВО ПРИПРЕМАЊЕТО НА ЕДНА ПРЕТСТАВА СЕ ВРЕМЕНСКИ ЗАЕДНО ПОВЕЌЕ ОТКОЛКУ СО СВОИТЕ РОДИТЕЛИ/ПАРТНЕРИ/ДЕЦА. КАКО И ВО СЕКОЈА ПРОФЕСИЈА, КОГА СЕ СОРАБОТУВА УБАВО Е ДА ПОСТОИ КОМПАТИБИЛНОСТ,ТАКА ЦЕЛАТА РАБОТА НЕ Е ТОВАР ТУКУ ЕДЕН ВОЗБУДЛИВ КРЕАТИВЕН ПРОЦЕС.НО КАКО СЕ СПРАВУВАТЕ ЕДНИ СО ДРУГИ КОГА ЕНЕРГИИТЕ ВИ СЕ РАЗЛИЧНИ ИЛИ КОГА ЈА НЕМА ОНАА ХЕМИЈА (ЧОВЕЧКА, НЕ ЉУБОВНА), ПА ДУРИ И АКО ПОСТОИ НЕТРПЕЛИВОСТ А ТРЕБА НА СЦЕНА ДА СЕ ОДГЛУМАТ СОСЕМ СПРОТИВНИ ЧУВСТВА?
Едноставно мора да се најде начин за да се функционира. Јас никогаш не имсудам на луѓето за она што сами си го сервираат. Конкретно, за сите луѓе имамразбирање, особено за моите колеги. Не се стрвам, не се навредувам,не серасправам.Секогаш за сé постои решение. Но, реалноста е дека кавгата на некои луѓе им гоправи денот добар. Затоа е измислен зборот професионалност. Особен успех кај себе си го сметам умеењето да играм најпрофесионално со колешки коиприватно не можеле да ме поднесат. За мене, претставата е светост и не ја валкам. Секој си го бира својот товар, јас бирам да сум љубов и да блескам. Сéшто можеш скроти, сé што не можеш игнорирај.
13. КОЈА УЛОГА ТИ Е СОН, А ВОЕДНО И НАЈГОЛЕМ ПРЕДИЗВИК СО КОЈ БИ СЕСООЧИЛА. КОЈА Е УЛОГАТА ЗА КОЈА ЗНАЕШ ИЛИ ИМАШ ИНТУИЦИЈА ДЕКА БИ МОЖЕЛА ДА НАПРАВИ “БУМ” ВО ТЕБЕ КАКО ЛИЧНОСТ, ЖЕНА И АКТЕРКА?
Лејди Магбет, Хамлет, Медеа, па и Круела де Вил (се смее). Ги сакам Шекспир, Чехов иСтринберг.Во суштина сакам сé што е комплицирана драматургија, па предизвикот ми е да гиспакувам во комплексна едноставност.
14. ЕМИЛИЈА ЗА ПЕТ ГОДИНИ ОТСЕГА...КАДЕ СИ?
Некаде заносна фрштам од љубов. Насмеана.
*Фото: Стефан Рајхл15. ЗА КРАЈ, ДАЛИ ИМА НЕШТО ШТО БИ САКАЛА ДА ГО СПОДЕЛИШ СО НАС, НЕШТО ШТО НЕ БИЛО КАЖАНО ВО НИТУ ЕДНО ИНТЕРВЈУ?
Дека сум среќна Ана што конечно те запознав.
За крај...ТАА Е мојата Ема, на која сум и’ благодарна за времето и честа...песнава ти ја посветувам. Да блескаш, затоа што љубов си!
Велат оти лесно е жена да си
Спастрена секогаш
Дури и тогаш кога душата ти цвили
И солзите однатре ти лијат
Та си ги поткасуваш усните
За да не вреснеш до небо
Кога чекориш ко светот твој да е
На потпетици од кои стапалата те вијат
И тело исправено
Дури и тогаш кога ти иди да се свиткаш
И така ноќта да ја минеш
Никој освен жена
Не знае како е жена да си
Кога од сите болки
Треба насмевка да исткаеш
Со плачот јадењето да го посолиш
Од снагата живот да извадиш
И за него повеќе од за себе да се грижиш
Та велат оти лесно е жена да бидеш
Оти шминката бледилото го крие
И црните кругови околу очите
Кои од наспаност не се
Та се чини оти најлесно е
Кога на раѓање женски плач се слуша
Оти ниту една од нас
Нема да заплаче пред туѓи очи
Туку болката ќе ја џвака во себе
И ќе ја исплука тогаш
Кога во самотија ќе се завитка
Без ниту еднаш да заофка
Или да се пожали некому на глас
Велат
Велат дека жена е лесно да се биде
И оти жените низ векот полесно врват
Небаре патот со рози ни е послан
И на него ниту едно камче нема
А јас знам
Знам по сите жени кои на мојот пат застанале
Дека силата нивна е поголема
Од кревкоста на нивните тела
И благоста која во себе ја носат
И дека плеќите од железо им се
Ама срцата меки ко памук
Ко облак бел на сино и чисто небо
Велат оти жена да си
Не е ништо особено
Ниту дека е тешко во наши чевли да се оди
Ама знам
Како што знае и секоја од нас
Дека најголемиот благослов и клетва е
Кога женско дете в куќа ќе се роди
Оти нејзината среќа лежи во туѓата
И дека од себе ќе земе
За на другите да им даде
Со сета леснотија
Во таа тежина жена да е
Жена да биде
Ана Бунтеска