Го претепала своето момче и го оставила повреден: Уапсена е ќерката на Клинт Иствуд
Ќерката на познатиот актер Клинт Иствуд е уапсена откако го претепала своето момче и го оставила повреден. Таа беше обвинета за семејно насилство.
Франческа Иствуд во саботата вечерта се скарала со својот партнер во Лос Анџелес, а потоа физички го нападнала, пишува TMZ. Ќерката на Клинт Иствуд и актерката Френсис Фишер, пред инцидентот се возела низ Беверли Хилс со дечко, а тој по нападот повикал полиција и му било кажано да вози до полициската станица.
Човекот имал видливи повреди кога пристигнал во полициската станица, Франческа потоа била уапсена и пуштена од притвор со кауција од 50.000 долари. Нејзиното момче одбило лекарска помош.
Франческа Иствуд е во врска со актерот Александар Рит, се претпоставува дека тој е жртва на насилство иако неговото име не се наведува. Двојката го има шестгодишниот син Титан.
Првпат се појавија во јавноста како пар во 2018. Набрзо објавија дека таа е во друга состојба. Раит поднел барање за развод истата година, по осум години брак. Се шпекулираше дека врската со познатата наследничка ја започнал уште додека бил во брак, но за The Blast изјавил дека не бил со поранешната сопруга од 2015. Александар има син од претходната врска.
Фото:Инстаграм