Годините си поминуваа, тезгата на чичко Драги остана на Рекорд: Пејачката Тина со апел за помош на овој добродушен човек
Тина Алексовска, која на македонската јавност ѝ е позната по нејзините музички настапи во кафулињата низ земјава, овој пат во Фејсбук групата „Стари Скопјани“ објави апел за помош на чичко Драги кој има тезга на скопски „Рекорд“.
Имено чичко Драги долги години продава различни ситници на неговата тезга на „Рекорд“, од пред некое време не може ни да зборува, па комуницира со пишување со ливчиња. Нејзиниот апел во целост:
„Бев дете, 3 години, стоев на балконот од нашиот стан на Рекорд и секогаш вниманието ми го зимаше тезгата на чичко Драги која беше во пролазот каде што е сега Министерство за правда... Кога ќе дојдеше сонцето до тезгата сите ланчиња светкаа... во тоа време чичко Драги продаваше многу убави работи... годините си поминуваа тој остана на Рекорд, имаше денови кога трчав да видам дали му е добро... пред некоја година во најголемиот снег ми кажаа дека е на операција на Уво нос и грло, земав такси и го побарав... право налетав на докторот кој го познавам и ми ја покажа собата на Драги, тој па кога ме виде почна да плаче, почна да ми покажува со раце дека го оперирале и дека повеќе неможе да збори, поминуваа годините со лифчиња се разбиравме, ми пишува што му треба... денес поминав да го видам бидејќи во среда си заминувам за Германија... ме замоли да му помогнете, што за него храна помека, што за кучињата или купете нешто од неговата тезга... Ви благодарам на сите!!!“