ГОЛЕМА ЕКО АКЦИЈА НА РОТАРИ КЛУБ СКОПЈЕ ВАРДАР 245: Се чистеа паркинзите на патниот правец Гостивар - Стража
На иницијатива на Ротари Клуб Скопје ВАРДАР 245, а со поддршка од уште неколку скопски клубови, беше реализирана ЕКО акција за чистење на паркинзите на патен правец Гостивар-Стража.
„Акцијата ја поддржа ЈПДП, а силна оперативна вклученост имавме и од Македонијапат преку вклученост со персонал и товарни возила за превоз на собраниот смет. Ја изразуваме нашата огромна благодарност до сите учесници во акцијата! Собравме близу 100 големи вреќи смет и ги транспортиравме во Депонија Русино“, информираат од Ротари Клуб Скопје ВАРДАР 245.
Оттаму информираат дека ќе следуваат многу вакви и слични активности во иднина.
„Преку нашата скромна акција денес упатуваме апел до сите граѓани во Македонија за подигнување на свесноста. ЧУВАЈТЕ ЈА ПРИРОДАТА! НЕ ФРЛАЈТЕ ОТПАДОЦИ ПО ПАТИШТАТА! ПОМОГНЕТЕ ДА ЈА ИСЧИСТИМЕ МАКЕДОНИЈА!“, апелираат од Ротари Клуб Скопје ВАРДАР 245.