Голема заинтересираност во првата недела од отворањето на Ист Гејт Мол

Добивај вести на Viber

Во првата недела од отворањето, Ист Гејт Мол прерасна во вистинска шопинг престолнина, која ги надмина очекувањата на посетителите.

Разновиден избор на голем број на квалитетни брендови, кои што се простираат на 5 нивоа, оригинални содржини за сите генерации, лесниот пристап, голем паркинг простор со 2000 места, пространите коридори и архитектонскиот дизајн од новата генерација на целосниот објект, се само мал дел од уникатното искуство наречено Ист Гејт Мол.

Шетањето на посетителите е комфорно поради широките булевари, природната светлина, високите сводови и мноштвото зеленило.

Во петокот, на 29ти октомври 2021, официјално беше отворен Ист Гејт Мол, инвестиција вредна 103 милиони евра. Толпа народ, од земјата и блискиот регион, од рано изутрина со нетрпение го дочекаа отворањето на најголемиот трговски центар во Македонија и регионот.

Ист Гејт Мол на секој посетител му посака топло добредојде со мотото „Ти си центар.“ и истото го живее уште од првиот ден.

Новата шопинг дестинација во своето портфолио нуди над 220 продавници, над 600 брендови и има за цел да овозможи незаборавно шопинг искуство и да внесе нов ритам во урбаниот животен стил.

Посетителите на првиот ден од отворањето на Ист Гејт Мол уживаа во новата понуда на брендови, забавните содржини за најмладите, акциските понуди на закупците, одделот за храна со неодоливи вкусови, како и во уникатноста, модерниот архитектонски концепт и новата димензија на ентериерен дизајн за комерцијални објекти, кои што го претставуваат молот во уникатно светло.

Ист Гејт Мол е центарот на сите случувања во главниот град. Понудата на оригинални концепти и уникатни содржини за сите генерации и вкусови е вистински магнет за илјадниците посетители. Тоа што некогаш недостигаше во главниот град, денес е реалност и прераснува во вистинска шопинг оаза.  

Многу познати светски брендови се дел од ланецот на понуди во Ист Гејт Мол како Zara и Zara Home, како и многубројни препознатливи глобални и регионални имиња како Reserved, Mohito, Sinsay, Cropp, House, Armani Exchange, Calvin Klein, Kiko Milano, Pandora, Mango Man-Woman-Kids, XYZ, Patrizia Pepe, XYZ, Valentino, Tods, Furla, Neptun Electronics, Dsquared2, Massimo Dutti, De Facto, Madame Coco, Babor Cosmetics, Prenatal, Reserved, Oysho, The Athlete's Foot, Twinset и многу други.

Ист Гејт Мол е инспирација за шопинг, уживање, забава и врвно гастрономско искуство.

Ист Гејт Мол е новото срце на Скопје.  

ПР објава