Големи се луѓето

Добивај вести на Viber

Големи се луѓето со чист образ

Кои мисла лоша немаат

Чии дланки се топли на стисок

И имаат поглед благ

Та ти иди да им се пикниш во сенката

Да ти одмори душата

А срцето да ти здивни

Големи се луѓето со тивок глас

На кои зборот иљач им е

Кои никојпат не ќе изустат клетва

Или навреда која ќе засече

Ами знаат како утеха да ти дадат

Во време кое невреме е

И во кое сите сме како побудалени

Големи се луѓето со совест небо

На кое ниту облак нема

Туку јата птици со раскошен пој

Та на него сонцето свети

И спокој во градите имаш

Чунки само со мир во себе

Чоек знае да преживее

Големи се луѓето кои без суета се

Кои попатно ја оставиле

Како тежок товар од кој среќа нема

Та знаат да премолчат

Знаат и прошка да побараат

Оти векот на сите краток ни е

За лутина во себе да носиме

Големи се луѓето, ех преголеми се

Токму оние кои не знаат дека се големи

И скромноста во окото им ја гледаш

Оти не се трупаат себеси со горделивост

И знаат оти се’ минливо е

Та дур се тука те гоштеваат со кроткост

Без усните да ги стискаат

Има големи луѓе

Кои надеж ми даваат

И заради кои пишувам

Таквите сиот живот ги барам

И ко дете им се радувам

Оти учам, од нив учам

Како поарен чоек и јас да бидам

Од тие големи луѓе

Кои земјава ја крепат


За Женски магазин, поетесата Ана Бунтеска