Големите не се воопшто „ВО ИГРА“, а важно е растојанието меѓу дојките: Еве која величина на гради е најпривлечна!

Добивај вести на Viber

FOTO: Freepik

Ако се прашувате која е идеалната големина на гради, еве го одговорот!

Еден од главните атрибути и карактеристики на женственоста се градите. Ги има во различни форми и големини, од мали, големи, до издолжени, до атлетски и предимензионирани. Иако секоја жена е посебна на свој начин, многумина ги интересира едно - која е идеалната големина на женските гради?

Студијата објавена во списанието „Пластична и реконструктивна хирургија“ проучувала што ги прави градите идеални во однос на големината и пропорциите.


Така, научниците од Универзитетот во Њујорк откриле дека градите со средна големина со поголем волумен во горниот дел заслужуваат највисока оценка во споредба со другите гради. Имено, за да ги соберат податоците, истражувачите ги испитувале сликите на 25 женски гради. Жените на фотографиите, со просечна возраст од 47 години, имале естетска или реконструктивна операција на градите во периодот од 2009 до 2019 година. Во истражувањето учествувале 1.021 испитанички, од кои 52% биле жени. Им покажале дводимензионални фотографии од гради и побарале да ја оценат нивната привлечност.

„При испитувањето на голема и разновидна популација, беше откриено дека градите со умерена големина со пополна горна половина имаат повисоки резултати за привлечност“, напишаа истражувачите.

Инаку, полнотата на горниот дел се однесува на волуменот на дојката над брадавиците. Повеќето гради добиле 2,5 од 5, но првите пет пара имале просек од 3,1. Просторот помеѓу брадавиците исто така бил потесен, градите биле поставени поблиску една до друга, а растојанието од брадавицата до наборот под градите било пократко.