Големото значење на името Наум: Неговите чудотворни мошти до ден денес лекуваат од тешки болести

Добивај вести на Viber

Денеска се празнува Свети Наум Охридски. Именден слават сите кои го носат името на овој голем светец.

Оригинална форма на името е Нахум, и е со евројско потекло. Значењето на името е утешител.

Свети Наум е ученик на Светите Методиј и Кирил и еден од Петточислениците коишто најревносно соработуваа со овие словенски Апостоли. Свети Наум патуваше во Рим, каде што се прослави со чудотворна моќ и со голема ученост. Знаеше многу јазици. Со помош на царот Борис Михаил, по враќањето од Рим тие се населија на бреговите на Охридското Езеро. Додека свети Климент дејствуваше како епископ во Охрид, дотогаш свети Наум основаше манастир на јужниот брег на езерото. Тој манастир и денес го краси брегот како што и името на свети Наум ја краси историјата на словенското христијанство и низ вековите беше извор на чудотворна сила и засолниште за болните и за неволните. Околу свети Наум се насобра мноштво монаси од сите страни на Балканот. Беше мудар учител, единствен раководител на монасите, одлучен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Неуморно се трудеше и на преведувањето на Светото Писмо и на другите црковни книги од грчки на словенски јазик. Вршеше чуда и за време на животот и после смртта. Неговите чудотворни мошти до ден денес восхитуваат со многубројни чуда, посебно со исцеленијата од тешки болести, особено од лудило. Се упокои во првата половина на 10 век.