Гордост е да им го покажеш вистинскиот пат на своите деца: Првородениот син на Митко Јанчев стана полнолетен

Добивај вести на Viber

Во семејството на кавадаречкиот градоначалник вчера имаше повод за славење.

Првородениот син на Митко Јанчев влезе во светот на возрасните. Никола наполни 18 години, а радоста со пријателите на социјалните мрежи ја сподели Јанчев.

„Најголема радост за еден родител е да биде сведок на безгрижното детство на своите деца, палавото тинејџерство а потоа и влегувањето во светот на возрасните. Денес е голем ден за семејството Јанчеви. Првородениот син Никола денес слави полнолетство. Гордост е да му го покажеш вистинскиот пат на своите деца , гордост е да гледаш како неуморно сакаат да учат од родителите.



Среќен 18 ти роденден Никола.“, напиша Митко Јанчев споделувајќи роденденска фотографија од целото семејство.

Со сопругата Веселка, тие се родители на три деца, Никола, Стојанче и Мила.



Фото: Фејсбук/Официјален профил градоначалник на општина Кавадарци Митко Јанчев