Грана падано - сирење од манастирите во Северна Италија кое ги освојува и македонските гурмани

Добивај вести на Viber

Благодарение на еден рецепт осмислен во 12 век во италијанските манастири во долината на реката По, човештвото денес има можност да ужива во уникатнот вкус на сирењето Грана падано, едно од врвните гурмански задоволства во светот.  

Ова тврдо сирење се прави од непастеризирано кравјо млеко кое се добива исклучиво од кравите кои пасат покрај реката По на северот во Италија и тоа во строго дефинирана област. Всушност, единствено производителите на сирење од тој регион смеат да го произведуваат Грана падано и никој друг во светот. Овој вид сирење е едно од првите тврди сирења произведени во светски рамки. Првата рецептура за Грана падано, според која и денес се произведува, датира од пред околу 900 години. Рецептот го осмислиле и развиле монаси од практична причина – да добијат тврдо сирење кое може да го складираат подолго време во манастирските ќелии. Така, монасите го правеле сирењето и го оставале да зрее подолго време, понекогаш и до две години, при што сфатиле дека долготрајното зреење му дава уникатен вкус.  

Грана падано се прави на многу сличен начин како и пармезанот (Parmigiano Reggiano) кој се произведува во друга област во Италија, поради што честопати се случува луѓето да ги мешаат двете сирења и мислат дека станува збор за ист вид. Но, Грана падано опфаќа многу поголема географска област на производство и подлежи на поразлични регулативи и контроли, со оглед на тоа дека е едно од првите сирења кои беа заштитени од Европската унија.

Ова традиционално италијанско сирење во Македонија може да се најде во маркетите на Веро, како ексклузивен производ што го дистрибуира италијанската компанија „Леоне“, семејна компанија која повеќе од половина век се занимава со производство, зреење и дистрибуција на најквалитетни млечни производи со уникатен вкус. Може да се купи и како парче, но и во пакување кое содржи свежо рендано Грана падано сирење.  

Процесот на производство на Грана падано додека да стане подготвено за конзумирање е долготраен. По приготвувањето, сирењето се остава да зрее најмалку девет месеци. По тој период, секој круг Грана падано се проверува детално и доколку ги исполнува сите потребни, строги барања за квалитет, со горење се става жигот на Грана падано со кој се гарантира неговата оригиналност. Дел од произведното сирење се остава да зрее и подолго од девет месеци. Некои пити Грана падано зреат до 16 месеци, при што добиваат бледа боја и посладок вкус. По 16 месеци, ова сирење кристализира и развива поостар вкус, додека парчињата зреени подолго од 20 месеци добиваат златна боја и посилно изразен вкус. На крајот на процесот на зреење, грана падано развива цврст и дебел слој со боја на слама кој ја заштитува миризливата внатрешност.  

Комбинации со храна и вино

Тврдоста на сирењето дава одлична можност тоа да се користи рендано, како додаток на различни јадења на кои им дава завршен шмек. Свежо рендано, ги задржува аромата и карактеристичниот вкус и овозможува максимално уживање за гурманите.  

Силниот вкус наГрана падано одлично се комбинира со смокви и сушено овошје или пак со парчиња јаболко прелиени со мед. Кога се користи за мезе или за брза закуска, може да се послужи со ореви, маслинки, пршута или ладно месо. Ако се изренда, ова сирење е совршен додаток за различни видови пасти и салати, на кои им дава завршен шмек. Овошниот, сладок вкус и богатата текстура на Грана Падано совршено се надополнуваат со ароматично бело вино или со јако, црвено вино.