Грбот на Татјана ѝ го чуваат тројца згодни мажи: Фолкерката Лазаревска од Австралија во Детроит
Семејството е една од најважните работи во нашиот живот. Семејтвото е секогаш со нас, нѐ бодри, нѐ поддржува и ни пружа безусловна љубов и грижа.
„Семејствата се компасот што нѐ води. Тие се инспирација за достигнување големи височини и нашата удобност кога повремено се колебаме“.
А во друштво на семејството и овој пат ужива фолкерката Татјана Лзаревска.
Лазаревска е една од пејачките која често преку социјалните мрежи комуницира со обожавателите, но и споделува каде е и како го поминува времето.
Овој пат таа заедно со сопругот Новица и синовите Стефан и Петар кои се нејзина најголема поддршка и ветер в грб, се на патување во Детроит.
Згодната и шармантна русокоса Татјана дефинитивно ужива во друштвото на синовите и сопругот кои ѝ го чуваат грбот секаде и секогаш.