Хајди Клум го „запре“ Лас Вегас: На Формула1 се појави во брутално издание

Добивај вести на Viber

Хајди Клум предизвика хаос во Формула 1 во Лас Вегас!

Во преиодот кога се одржуваше трката во Формула 1 во „Градот на гревот“, Лас Вегас германската манекенка, педесет годишната Хајди Клум ги фасцинираше сите присутни со своето голо тело и гради „на изволте“.

Таа се појави во кожена јакна брез градник, мрежести чорапи и високи чизми над коленото, додека подолу се одлучи за длабоки гаќи, малку помодерни, но во народот познати како „бубрежни панталони“. За разлика од неа, нејзиниот сопруг Том Каулиќ, со кој е во брак од 2019 година, беше многу попристоен – во црн џемпер со копчиња и панталони.

„Најдобриот викенд во Лас Вегас. Ви благодариме за гостопримството“, напиша Хајди во описот на фотографијата.

Ова не е прв пат Хајди да ги поместува модните граници, бидејќи поради нејзините идеи кога е облекувањето во прашање, ја нарекуваа и кралица на Ноќта на вештерките. Оваа година за Ноќта на вештерките се маскирала во паун.

Фото:Instagram/heidiklum