ХАКИРАН ФЕЈСБУКОТ НА БИБА ДОДЕВА: И пејачката е дел од педесетте милиони корисници чиј профил е злоупотребен
Многу македонски корисници на социјалната мрежа Фејсбук вчера реагираа откако апликацијата неколку пати по ред побара повторно логирање. Од компанијата Фејсбук соопштија дека речиси 50 милиони корисници биле нападнати од хакери, со тоа што хакерите искористиле безбедносен пропуст во алатката позната како “прикажи како” (view as) за да влезат во профилите на корисниците.
Овој напад напад бил откриен уште во вторникот, објави Фејсбук, а случајот бил пријавен во полиција. Во текот на вчерашниот ден, корисниците кои биле цел на овој напад, морале повотрно да се логираат на своите профили. Меѓу нив е и познатата пејачка и претседател на здружението „Борка“, Биба Додева.
Додева објави статус во кој ги праша своите пријатели, дали и на нив им се случува фејсбук да им бара одново да се пријават, и по неколку пати.
Заменик-претседателот на компанијата Гај Росен, објави дека пропустот е поправен, додавајќи дека сите профили се ресетирани.
„ Алатката “Прикажи како” на Фејсбук е функција за приватност која им овозможува на луѓето да видат како изгледа нивниот профил за другите корисници, односно кои информации можат да ги видат нивните пријатели, пријатели на пријателите или се отворени за сите. Хакерите ги искористиле пропустите во оваа функција која им овозможила да ги украдат токените на Фејсбук за пристап, кои потоа можат да ги користат за да влезат во профилите на корисниците“, изјави Розен.
Пратениците од Европската Унија се подготвуваат овој месец да побараат од европската Агенција за сајбер-безбедност и заштита на податоците да спроведе контрола во „Фејсбук“.