Халкбанк: Да направиме сè зборот на годината во 2022 да биде ЉУБОВ
Бројните предизвици во изминативе две години донесоа големи промени во нашите животни навики. Додека некои од нив бевме принудени да ги отфрлиме, истовремено се стекнувавме и со нови.
Новата година буди најразлични желби и очекувања кај секој од нас. Секое говорно подрачје упатува честитки на различен јазик, секоја држава празнува со свои посебни традиции, но славењето со љубов е заедничко за сите. Токму поради тоа, предлагаме и посакуваме следната година да биде обележана со зборот „љубов”.
„Нашата идеја е да си посакаме следната година да биде одбележана со некој убав збор, односно, со најубавиот збор - љубов.Сакаме да ги мотивираме луѓето што поинтензивно да го користат тој збор, за на крајот на 2022 година да бидеме горди дека ЉУБОВТА ПОБЕДИЛА!“, велат од банката.
Оваа идеја, преточена во визуелна и комуникативна реализација, е всушност произлезена од согледувањето на годишните истражувања на Оксфордскиот универзитет, каде на крајот на секоја година се прогласува ЗБОРОТ на годината.
А во моментот на социјалните медиуми на сопствените профили, Халкбанк спроведува едно забавно истражување меѓу граѓаните за тоа кој збор ним им ја одбележал 2021 година.
Во рамки на активацијата, за најкреативните четири споделувања, Халкбанк ќе додели ваучери во вредност од 2.500 денари за вечера во рестораните на Амигос.
Упатете се на фејсбук страната и инстаграм профилот на Халкбанк и вклучете се во празничното „истражување” на Халкбанк.
ПР објава