Халкбанк ја трансформираше главната филијала во галериски простор
Како поддржувач на уметноста и културата, Халкбанк посветено работи да им ја доближи благородната природа на уметноста на своите клиенти, и тоа токму преку илустрациите како најзастапен уметнички израз. Изложбата, која се состои од 15 илустрации од „Сликовницата на Халки“, барем на еден ден главната филијала на банката ја претвори во нетипичен галериски простор, во место за средба на обичниот човек со уметноста.
„Изложба во експозитура на банка е одлична идеја. Како уметник се застапувам за тезата дека секој простор може да биде и уметнички простор“, вели авторот на илустрациите Трајче Павлов.
Како банка на народот (halk на турски e народ), Халкбанк пред се’ е посветена на обичниот човек, кој можеби нема можност за средба со уметничко дело во галериски простор. Оттука и произлезе идејата да се приреди мало, пријатно изненадување за клиентите кои доаѓајќи да завршат работа во банката, во исто време да можат и да уживаат во илустрацијата како еден од визуелно најдопадливите изрази на ликовната уметност.
„Изборот на изложба на илустрации од сликовница не е случаен. Халкбанк во основа на својата општествена одговорност ја има едукацијата на децата и создавањето убави навики кај нив. Се надеваме дека еднодневната изложба ќе поттикне љубопитство кај повозрасните, за потоа тие преку „Сликовницата на Халки“ да влијаат на најмалите и да им помогнат да препознаат мало уметничко дело какво што е оваа книга работена со еколошки бои на еко-хартија“, потенцира Маја Наумова Савеска од Халкбанк.
„Сликовницата на Халки“ отвора важни теми за најмладите како што се другарството, толеранцијата, прифаќањето, инклузијата и борбата за здрава животна средина. Целиот проект има и хуманитарна мисија односно сите средства од продажбата на сликовницата ќе бидат донирани за поддршка на децата без родители и родителска грижа, згрижени во СОС Детско село.
ПР објава