Халкбанк со поддршка на „Дајте музика“ и песната „Грин форсес“ која в недела ќе нѐ претставува на Јуниор Евросонг
Проектот „Дајте музика“ и песната „Грин форсес“ со која познатите ликови од серијата - Кристина, Анастасија, Миха и Филип ќе ја претставуваат нашата земја на годинашното издание на Јуниор Евросонг што ќе се одржи на 19 декември во Париз, добија поддршка од Халкбанк АД Скопје која како банка е позната по својата поддршка на проекти кои ја подигаат свеста за заштита на природата и потребата од негување здрави животни навики.
„Дајте музика“ е еден од најпопуларните и најгледани телевизиски програми за деца кај нас.Главни протагонисти се група талентирани млади актери и пејачи кои за кусо време станаа идоли на новата генерација. Со песната „Грин форсес“ која децата ќе ја отпеат на големата сцена во Париз тие испраќаат порака до сите дека треба да водат грижа за планетата Земја.
Оваа порака постојано ја испраќа и Халкбанк АД Скопје и токму затоа даде поддршка на проектот и песната која ќе нè претставува во Париз бидејќи со неа популарните ликови од серијата стануваат активисти кои ќе придонесат за подигање на свеста за екологијата, грижата и заштитата на животната средина, особено кај најмладата популација на која ѝ останува иднината.
Халкбанк перманентно вложува во заштита на животната средина, како во зазеленување на земјава со нови дрвја, така и во организирање и давање поддршка на низа други активности кои се во насока на негување здрави животни навики и заштита на природата.Банката пред две години ја покрена и апликацијата HalkEco која ги поттикнува луѓето да практикуваат здрав животен стил и со своите физички активности да придонесат за засадување нови дрвја од страна на Халкбанк. Оваа апликација денес веќе прерасна во зелена платформа преку која Халкбанк, меѓу другото, има донирано над 33.000 садници. Дополнително, банката е член на големата коалиција Priceless Planetкоја делувањата за заштита на природата, ги превзема во светски размери.
„Ние сме „Грин форсес” и преземаме контрола. Се сеќавам на едно прекрасно место, бистри води, широки зелени полиња и чисто сино небо. Но, што се случува со мојот дом сега?”, се вели во песната која децата од „Дајте музика“ в недела ќе ја изведат во Париз. Да навиваме сите заедно за нашите претставници и да ги послушаме – да почнеме повеќе да се грижиме за нашата планета!
ПР- Објава