Харисон Форд ја запознал 22 години помладата партнерка уште додека бил во брак: Се обиделе да ја сокријат врската, а потоа во 2013 година се дознало сѐ

Добивај вести на Viber

Љубовната приказна на Харисон Форд и Калиста Флокхарт трае со години. Дали знаете како започнала оваа приказна? Познатиот пар неодамна беше на Канскиот филмски фестивал (16-27 мај), каде му беше врачена специјална награда. А за нив се пишува и денес, а ова е причината.

Љубовта на Калиста Флокхарт и Харисон Форд не започна најдобро, но се претвори во убава приказна. Познатиот Али Мекбил од истоимената серија во која уживаше и публиката на Балканот и Хан Сол од култната серија „Војна на ѕвездите“ се запознаа во 2002 година на доделувањето на Златните глобуси во Лос Анџелес. Во тоа време, актерот сè уште беше во брак со својата втора сопруга Мелиса Матисон, иако се разделија со неа една година порано. 

Да потсетиме, Харисон Форд се ожени со Мелиса во 1983 година, со која ја добија ќерката Џорџија и синот Малколм, а од неа се разведе во 2004 година. Од 1964 до 1979 година, тој беше во брак со Мери Маркарт, со која ги има синовите Бенџамин и Вилард. 

Симпатиите меѓу Калиста и Форд брзо се разгореа, започнаа врска, но не сакаа веднаш да ја соопштат во јавноста, па на почетокот на нивната романса, актерот Џејмс Марсден, кој се претстави како партнер на Калиста, излезе на вечера со нив. Марсден ги откри деталите за криењето во 2013 година за магазинот „Плејбој“. Сепак, Форд не можеше долго да молчи за неговата љубов со Калиста. 

„Јас сум заљубен. Романтичната љубов е нешто што сите го посакуваат во животот. Среќен сум што повторно сум заљубен", изјави познатиот Индијана Џонс во 2003 година.

На Денот на вљубените 2009 година, актерот ја запроси Калиста на одмор, а со нив беше и нејзиниот син Лиам Флокхарт, кој актерката го посвои пред врската со Форд. Харисон и неговата сопруга го одгледаа Лијам како свој син.

Славната двојка се венча во јуни 2010 година, тој во фармерки судбински рече „Да“, а таа во обичен бел фустан. 

Многумина коментираа и ја коментираат разликата во годините меѓу нив, а актерката за тоа го кажа следново: „Постојано заборавам дека тој е 22 години постар од мене. Тоа воопшто не влијае на нашата врска. Го сакам како изгледа во утрото кога ќе се разбуди. Не е убав, повеќе е сладок. Изгледа како момче“.

Ниту годините, ниту ништо друго... ништо не ја попречи љубовта на актерите. Има ли некои посебни тајни, прашуваат многумина, а Форд одговара: „Не зборувајте! Кимнете со главата“. 

Славниот пар сите овие години ретко се појавуваше во јавноста. Исклучок се повремените појавувања на црвениот тепих, папарацо фотографиите од одморите или од прошетката во Лос Анџелес.

Можеби тоа е една од тајните на нивниот успешен брак. Има нешто и во тоа што ги поддржуваат интересите на другата страна. На пример, Харисон Форд пилотира со години и неговата сопруга го поддржува во тоа.


Фото: Youtube - screenshoot

Извор: женаблиц