Македонската ИТ компанија Интерворкс ДООЕЛ се ребрендира во ⋮IWConnect
Интерворкс, глобална, мултидисциплинарна ИТ компанија фокусирана на интеграција, дигитализација, менаџирање на податоци, анализа, инфраструктура, и создавање на дигитални оптимизирани технолошки решенија (Digitally Optimized Technology Solutions – DOTS), од денес се ребрендира и го промени името во ⋮IWConnect. Новото име на брендот, како и логото го означува брзиот раст на компанијата, и подобро ги опишува компетентноста, знаењето, начинот на работа, и искуството кои Интерворкс ги има.
Сопственикот на Интерворкс, сега ⋮IWConnect, Александар Мемца изјави: Новото име ја претставува иднината на дигиталното поврзување и начинот на кој ние функционираме, не само интерно во рамките на компанијата, туку и екстерно со нашите клиенти. Интерно, го поврзуваме нашето знаење со нашите вештини и искуство и креираме иновативни решенија со цел да им овозможиме на нашите клиенти постојан раст и развој. Покрај тоа, се поврзуваме и на едно повисоко ниво, како пријатели и семејство. Истото се однесува и на нашите клиенти, односот кој што го воспоставуваме со нив е многу подлабок, не е на ниво клиент и давател на услуга, туку развиваме однос на долгогодишни пријатели и партнери. Она што би сакал да го истакнам е дека нашето правно име останува исто – Интерворкс, тоа што се менува е всушност името на нашиот бренд и дека со оваа промена означуваме почеток на еден нов, уште подобар и поубав период во нашата компанија кој со нетрпение го очекуваме.
Линк од директното обраќање на Александар Мемца, сопственик на ⋮IWConnect:
ПР објава