Хигиената го загрозува имунитетот: Оставете го детето да се извалка

Неодамна спроведени американски истражувања покажале дека изложеноста на децата на микроби и бактерии, се поволни за јакнење на нивниот имун систем, како и дека родителите денес премногу ги држат децата изолирани. 

Научниците со години ги изучувале микробите и бактериите, кои кај децата предизвикуваат болести и откриле дека изложеноста на бактерии е добра превенција на инфекции во детството и подоцна во текот на животот. Токму изолираноста е она што може да им наштети на малите деца. Експертите тврдат дека постои директна поврзаност помеѓу недостатокот на отпорност на микроби и зголемување на ризикот од добивање хронични болести, како што се астма, алергија, дебелина, дијабетес, па дури и ризик за здрав развој на мозокот. 

Истражувачите наведуваат дека родителите се грижат да ги пуштат децата да се извалкаат и дојдат во допир со разни микроби, но дека тоа сепак е дел од растењето, па затоа на родителите им препорачуваат да им дозволат на децата да се извалкаат и на тој начин да им се зајакне имуниот систем. Она што истражувачите го препорачуваат е децата да си играат во кал, да се дружат со животни, да не им се мијат рацете веднаш, ферментирана храна и да се избегнуваат антибиотици. Експертите сметаат дека треба да им се дозволи на децата да допрат кал, растенија и инсекти, па дури и не треба да се создаде паника, ако детето се обиде да стави земја в уста. Откако ќе го почувствува лошиот вкус, нема повеќе да го прави тоа. Исто така, не треба децата да се тргаат од животните. 

Истражувањата покажале дека на овој начин се намалува ризикот од астма и алергија кај децата, а и учат да ги засакаат животните. Исто така советуваат да се избегнуваат антибактериски сапуни и да не се мијат рацете веднаш на детето откако ќе влезе во домот, туку да се остави така додека трае времето за игра. 

Експертите советуваат на децата да им се даде ферментирана храна, како што е јогуртот, кефирот, туршијата, бидејќи овие намирници ги чуваат добрите бактерии во организмот на детето. Храната богата со влакна и зеленчукот се совршени за уништување на микробите во дебелото црево. 

Избегнувањето на антибиотиците е исто така препорачливо, бидејќи тие ги убиваат и лошите и добрите бактерии. Прекумерната употреба може да доведе до појава на астма, алергија, дебелеење, дијабетес и други болести.