ХИТ ВИДЕО: Мерил Стрип и пријателки пеат и уживаат со коктели во нивните бањарки
Видеото снимено во домашни услови со холивудската ѕвезда Мерил Стрип, стана хит на Интернет.
Оскаровката ја пее песната „Дами кои ручаат“ ("The Ladies Who Lunch") во бањарка, додека си прави мартини. Дел од видеото се и актерките Одри Мекдоналд и Кристин Барански.
Песната е на познатиот композитор и текстописец на Бродвеј, Стивен Сондхајм, а изведбата на необичното трио е по повод неговиот 90-ти роденден.
Всушност, видео-поздравот е дел од големиот онлајн концерт за годишнината од Сондхајм. Во него учествуваа десетици холивудски познати личности, меѓу кои и Jејк Гиленхал и Нил Патрик Харис. Сите изведоа песни од композиторот.
Стивен Сондхајм наполни 90 години на 22 март, но коронавирусот ги спречи неговите планови за прославата.
Сондхајм е еден од најпознатите американски композитори - тој има 8 награди Тони (повеќе од кој било друг), осум Греми, Оскар и друго. Меѓу неговите најзначајни дела се мјузиклите „Недела во парк со Џорџ“ и „Малку ноќна музика“.
Целото видео: