Home By Almak: Најдобар квалитет со најдобри цени

Откако струмички Алмак го отвори својот прв салон во Скопје, а четврти во низата, се покажа дека  вакво нешто навистина му беше потребно на главниот град и неговите жители.

На површина од 2000 м2, во ултрамодерен простор, уреден по европски стандарди, најголемиот производител на мебел во регионот ги изложи производите со кои се гордее.

Спојот на функционалност, практичност, удобност и современ изглед, Алмак го обединува со цени кои се достапни за просечниот македонски потрошувач, па големото семејство на задоволни купувачи секојдневно расте.

Во процесот на изработка се користат најнови технологии, а со исполнување на стандардите   ISO 9001, ISO 14001 и OHSAS 18001, Алмак овозможува производство на квалитетни и конкурентни производи, висок степен на заштита на животната средина и безбедни и здрави работни места.

При создавање на сосема нови модели, тимот се потпира на долгогодишното искуство, следејќи ги светските трендови за дизајн, но и пулсот на потрошувачите.Затоа, достапната палета на производи е богата со модели во кои може да се пронајде секој купувач или секое семејство, дури и оние со најпребирлив вкус.

Разновидната понуда на Алмак ја вклучува вечната класика на уредувањето која никогаш не излегува од мода, но и авангардни парчиња мебел кои го отсликуваат современиот стил на живеење.

Од нежни минималистички линии до раскошен мебел кај кој токму деталите оставаат уникатен печат во просторот, во продажните салони на Алмак може да се најде буквално сѐ кога станува збор за добриот стил на уредување.

Еден од најбараните модели на гарнитури во Алмак е ТДФ Мерива како одлично визуелно решение кое истовремено ветува удобност со дополнителна мултифункционалност благодарение на можноста за спуштање на наслонот.

Тросед Мерива 230х100х88 см, Двосед Мерива160х100х88 см, Фотелја Мерива78х100х88 см

Цена на моделот: 44 490 ден.

Со цел да го задоволи вкусот на потрошувачите, Алмак нуди повеќе од 100 достапни висококвалитетни текстилни материјали како и еко кожа, кои се достапни на барање на потрошувачите.

Од  друга страна, линијата Dream by Almak обединува првокласни душеци,перници и наддушеци кои ги исполнуваат сите ортопедски стандарди за гарантирано квалитетен сон на секој корисник. Доказ за квалитетот е и гаранцијата која следува со секој производ од оваа линија.

Еден од најактуелните и најбарани модели на душеци од линијата Dream by Almak е Natural Special Orange. Составот од 60% памук во комбинација со сребрени нити со гаранција овозможува секојдневно чувство на луксуз и исклучителна удобност која е значително зголемена и поради комбинацијата на Bodycare Kovafoam XP пена со надополнета мемори пена и џебни јадра. Дизајнот на самиот душек е комбинација на штоф со навлака за душеци како и патенти во боја кои му даваат ексклузивност на самиот модел. Освен овој модел, на листата на најпродавани душеци како дел од линијата Natureсе и Nature Medium Blue Ocean, Nature Hard Yellow и Nature Soft Green. Душеците ветуваат сигурна релаксација и цврстина според  потребите и навиките за спиење на купувачите, а се изработуваат во повеќе димензии.

Oд моделот Nature Special Orange, достапни се неколку димензии со следните цени:

90x200 12.990 ден./120x200 15.490 ден./ 140x200 17.490 ден./160x200 19.990 ден./180x200 21.990 ден.

Миленик од Boxspring линијата на Dream by Almak e непогрешливиот Boxspring DOSS, кој освојува на прв поглед и со дизајн и со одлична цена која почнува од само 33 490 денари, со вклучен душек. Моделот имате опција да го нарачате во штоф со боја која одговара на Вашата спална соба и да создадете своја мини оаза за релаксирање и пријатни соништа. Дополнителен бенефит е просторот за складирање и внатрешните фиоки кои го прават моделот уште повеќе функционален и привлечен.

Сите модели на Home By Almak може да се најдат на четирите локации на Алмак: салон во Скопје  на ул. „Перо Наков“ бр 108 а, салон во Струмица во Индустриска Зона Василево, салон во Кавадарци на ул.Шишка бр.51 и салон во Велес на ул.Васа Кошулчева (зад Пододекор).

Или пак, во салоните на ГирРиг во Охрид и Битола.

Нарачка може да се направи во некој од салоните, или пак, онлајн преку веб продавницата: http://almak.mk/

Доставата е брза, монтажата е бесплатна насекаде низ Македонија, а квалитетот е гарантиран.

Низ видео запознајте се со новиот салон на Home by Almak во Скопје:


Повеќе инфо на 071345524 или на официјалната Фејсбук страница https://www.facebook.com/almak.mk