Христина Маркоска ѝ прокси на мулти склерозата со едукција: Магистрирала на ликовна уметност, студент е на медицина и богословски факултет

Добивај вести на Viber

Христина Маркоска (38) уште во детството се соочила со симптоми атипични за мултипла склероза (МС), но болеста не ја спречила, постојано да се едуцира и надградува

Таа е  магистер по ликовна уметност- област вајарство, студент на медицинскиот факултет, вондреден студент на Богословскиот факултет ,,св Климент Охридски. Живее и работи во Гостивар како профессор по ликовна уметност. Најавува изложба „Страв од непознатото“ што воедно била тема и наслов на нејзиниот магистерски труд. 

- Од денешна динстанца не би можела да кажам дека дијагностицирањето на автоимуните заболувања кај младите пациенти е состојба која значително се актуелизира како ,,болест,,на современиот свет. Пишаните историски податоци говорат дека болеста е позната и опишана уште во средниот век. Света Ливдина од Холандија, се смета за првиот пасиент кој боледувал од МС. Искрено, не би можела да се присетам на некои посериозни здравствени нарушувања во периодот на детството. Настинка и грип се честа појава кај секое дете.Во периодот на основното образование и средното училиште бев посветена на учење и наука. Се подготвував за високообразовни студии, поточно да се запишам на медицинскиот факултет. Студирав ликовна уметност и магистрирав.Од 2010 до 2013. Студирав медицина и стигнав до трета година. Но, поради семејна трагедија ги напуштив студиите. Дали ќе продолжам, тоа е божја волја. На богословски факултет се запишав во 2019 година – вели Маркоска и дополнува дека животот е преполн со пресвртници, а борбата со МС не е секогаш според нашето сценарио.

- Би сакала да истакнам неколку реченици на почитуваниот отец Горан Стојчевски напишани по повод изложбата организирана во чест на Националните денови на пациентите кои боледуваат од МС. Секое искушение е крстопат. Такво искушение е болеста и ссочувањето со неа. И колку повеќе се соочуваме, толку подобро треба да ја запознаеме и да ја надминеме согласно нашите сили расположени за благодарност во искушението. И навистина, можеби самото човечко битие е најкрепко и најсилно секогаш кога ќе ја почуствува најголемата телесна слабост која го челичи и трансформира неговиот дух. МС ја паметам како неочекуван гостин и не така добредојден за едно дете со првична симптоматологија која не е својстена за една класична клиничка слика што ја опишува болеста.Првите сиптоми наликуваат на настинка и најверојатно првично не асоцирале на имунокомпромитирачка болест. Секое човечко тело е еден мал микрокосмос автономен и единствен по својот белег, па така и симптомите се разликуваат кај секој пациент пооделно – појаснува таа.

Нејзиното семејство е најцврстиот столб на кој се потпира. Бедем кој ја штити и закрилува од опасностите што ја демнат.

- Имам среќа што потекнувам, од едено семејство на истрајни борци. Исто така пријателство со Ана Карајнова, претседателка на здружението на пациентите со МС ме поттикна дел од ликовното творештво кое го создавам, да го поветам на духовната егзалтација која го трансформира битието ,болеста како животен крст кој го возвишува и просветлува духот .Во скоро време се надевам дека по речиси една деценија ќе се реализира изложбата „Страв од непознатото“ што воедно беше и тема и наслов на мојот магистерски труд. Тоа што особено ме радува е веќе реализраната изложба поддржана од Факултетот за Ликовни уметности. Благодарна сум им на моите колеги уметници за неизмерната поддршка на проектот „,,Мисли во слики,, во кој учество зедоа околу 46 автори ,ликовни уметници – посочува Марковска.

Соња Алексоска Неделковска