Прва фабрика во Македонија за производство на сончогледово масло со традиција од 1923 година

Добивај вести на Viber

Прехрбрена индустрија КРИСТАЛ 1923 АД (до 2020 Благој Ѓорев ) од Велес е првата фабрика во Р. Македонија за производство на сончогледово масло за јадење Кристал. Првиот погон за производство бил направен 1923 година во мала хала, производството се одвивало рачно и денес е заменето со најмодерна технологијана за производство на сончогледово масло. Кристал маслото за јадење е препознатливо по континуираниот и се подобар  квалитет почнувајќи од  1923 година  па до денес.

Кристал денес:

секојдневниот раст и развој се темелат на модерната технологија по светски стандарди за квалитет што го препознаваат и европските пазари, каде од ден на ден има се поголема побарувачка.

Единствен капацитет во Македонија за преработка на маслодајни семиња (сончоглед, репка, соја во зрно) од преку 50.000 тони годишно.

Цистерни за складирање 15.000 тони сурово масло;
• Рафинерија за производство на 100 тони рафинирано масло дневно;
• Линија за пакување масло за јадење од преку 100 тони дневно;
• Капацитет за производство на маргарин и други тврди масти од 7000 тони годишно;
• Производство на кондиторски производи (алва, локум, желе ,таан) од 1000 тони годишно;
• Производство на оцет (алкохолен, вински и јаболков)

-Сопствена современа лабораторија каде  секојдневно се контролира квалитет на суровините и готовите производи

Целото производство се одвива под строго контолирани услови, под надзор на врвни технолози. Токму поради виско квалитено производство на масло за јадење Кристал се закитува со награди низ Еврока токму поради стандардите кои ги има како ISO 22000 ,HACCP,HALAL,GMP+.

Пратењето на модерната технологија  и работата со љубов се епитети за квалитет и  успех кој го прави овој бренд тоа што е денес, а довербата од потрошувачите е клучот  и се потврдува со долгогодишното  работење.

ПР објава