Huawei FreeBuds 4i - Безжични слушалки за урбани девојки кои се во постојано движење
Слободата нема цена, а токму така ќе се почувствувате со
новите безжични слушалки Huawei FreeBuds 4i.
Ослободени од било какви кабли и
потреба од отплеткување, Huawei FreeBuds 4i се многу практични и лесни за
користење. Особено за тие кои го ценат своето време и сакаат брзо и динамично
живеење.
Huawei FreeBuds 4i дефинитивно се вклопуваат во таа динамика, бидејќи лесно и брзо се местат, имаат долготрајна батерија од 10 часа постојано и непрекинато користење и имаат солиден дизајн кој овозможува издржливост на надворешните услови и временски влијанија.
Симпатичен дизајн со шик изглед кој ги следи трендовите
Безжичните слушалки Huawei FreeBuds 4i изгледаат елегантно, моќно и модерно. Се повеќе безжичните слушалки стануваат неопходен дел или орнамент од урбаната технологија, па затоа многу важно е при нивниот избор да се обрне внимание на изгледот и како тие ќе се вклопат во вашиот стил.
Huawei FreeBuds 4i имаат тенко вертикално стебло кое е доволно цврсто, гранчињата не се премногу гломазни и лесно се вметнуваат во ушето, а исто така има и три дополнителни силиконски врвови кои се еден вид на резерва за попрецизно местење на големината за погодување на калапот за секоја корисничка.
Слушајте ги вашите омилени поп песни
Тестирајќи ги Huawei FreeBuds 4i уживавме слушајќи ги сите хитови на овие безжични слушалки кои обезбедуваат одличен квалитет на звукот. Песните се слушаа чисто и прецизно, без дисторзија и "лечење" и при погласните нивоа.
Се што треба да направите е да ги поврзете безжичните слушалки со вашиот смартфон од било кој производител покрај Huawei. Поврзувањето се врши преку Bluetooth 5.2 што гарантира стабилна конекција без доцнење на тонот. Потоа одберете ја вашата омилена апликација за стриминг и почнете да ја слушате вашата музика.
Во секое време имате на располагање одличен сет на безжични слушалки
Предноста на Huawei FreeBuds 4i е што најпрво станува збор за производ кој е доста евтин, но нуди импресивен квалитет за цената која е многу прифатлива и изнесува 4.499 денари. Huawei FreeBuds 4i може да ги понесете додека се рекреирате покрај кеј, во парк или на планина.
Одлични се за тие кои возат велосипед. Доволно е да активирате Bluetooth на вашиот смартфон, да ја одберете омилената плејлиста и да започнете да уживате во природата со квалитетна музика како ваш саундтрак.
Идеални за вежбање и надворешни физички активности
Huawei FreeBuds 4i може да се користат во различни ситуации. Меѓу нив секако ќе биде и вежбањето во затворен простор. Слушалките од новата понуда на Huawei може да се справат со интензивен тренинг, стабилни се, нема така лесно да се откачат од ушето и да паднат и немаат никаква осетливост на капките пот, па така може да вежбате фокусирано и без грижи за парчето опрема кое го носите.
Слушалките располагаат со стандарди кои овозможуваат отпорност и од надворешни атмосферски влијанија. Така што ќе немате никакви грижи доколку на пример ви заврне додека џогирате на отворено.
Нема потреба да се грижите за батерии, кабли и полначи
Huawei FreeBuds 4i се полнат преку стандарден USB Type C кабел кој може да го поврзете со било каков полнач за смартфон со таков влез. При полнењето слушалките треба да бидат сместени во куќиштето.
Со едно полнење ќе добиете активна работа при слушање музика и аудио повици од 10 часа што е навистина импресивно бидејќи нема да мислите дали слушалките се доволно полни или наскоро ќе се испразни батеријата.
Кога ќе го активирате режимот на работа со Active Noice Cancelation слушалките ќе работат активно без престан до 7,5 часа. Активното блокирање на бучава овозможува поквалитетни телефонски и интернет повици бидејќи може целосно да се фокусирате на разговорот со соговорникот без да ве деконцетрираат надворешните звуци, на пример галама од колеги додека треба да се фокусирате на конкретна задача.
ANC режимот се активира со долго пристискање на слушалката. Во ситуации кога е потребно да бидете внимателни може да го користите Awareness режимот кој не ја придушува и блокира целосно надворешната бучава и може да слушате музика и погласно.
Нашите впечатоци од Huawei FreeBuds 4i прават со леснотија да ги препорачаме на секоја урбана девојка, на нашите читателки кои имаат активен живот, постојано се во некое движење и времето им е точно испланирано и организирано.
Безжичните слушалки се комбинација на нов технолошки гаџет, но и на моден додаток кој треба да го комплетира целосниот изглед па симпатични "гравчиња" како Huawei FreeBuds 4i секогаш се добредојдени.