И бремена искачува врвови: Ирина Дишо позираше од врвот Бајрак (ФОТО)

Бременоста не ја спречува да го прави она што ја исполнува...

Една од најубавите македонски планинарки, Ирина Дишовска оваа пролет за првпат ќе се оствари како мајка. Таа и нејзиниот сопруг, пејачот Павле Камиловски веќе ги бројат деновите кога на свет ќе дојде нивниот прв син.

Иако е веќе во поодмината бременост, тоа не ја спречува да искачува врвови. Денес, таа се огласи од планинскиот врв Бајрак, на планината Караџица, со што ги воодушеви своите следбеници.

Освен што позираше на самиот врв, Ирина покажа и каква закусна имале подготвено со нејзиното друштво.

Инаку, Ирина и Павле на крајот на февруари својата љубов ја крунисаа со брак, и организираа свадбена веселба за која уште се зборува.

фото: Принтскрин / Инстаграм