И хуманитарната организација на Отец Оливер со помош за пожарникарите: „Сите кои можат да помогнат, да донесат вода во нашата црква, но и да се вклучат во гаснењето на пожарите“

Добивај вести на Viber

Во справување со пожарите се вклучија голем број граѓани, но и организации кои доброволно се одлучија да помогнат, ако не во гаснење, тогаш барем со вода и опрема за тие што се во првите борбени редови со пожарите.

Овој пат се огласи и хуманитарната организација „Свети Спас“, чиј прв човек е Отец Оливер.

„Браќа и сестри, добивме многу загрижувачки информации од Пехчево каде што во моментов беснее голем пожар. Водоснабдувањето е редуцирано, а во маркетите повеќе нема вода.

Јас го прекинав патувањето и се враќам во Драчево за итно да доставиме вода во Пехчево и од денес нашата организација се вклучува со редовна достава на вода на ниво на Македонија каде што има пожари.

Веќе се набавени две палети флаширана вода која ќе биде доставена во Пехчево во најбрз можен рок.

Апелираме до сите кои можат да помогнат, да донесат вода во нашата црква, но и да се вклучат во гаснењето на пожарите кои ја зафатија нашата татковина.

Бог да ве благослови и чува!!!„, напиша организацијата на фејсбук.



Фото: Фејсбук
Извор:Фактор