И во деветтата деценија, таа е пример за природна убавина: Еве како изгледала Сека Саблиќ на свои 28 години

Добивај вести на Viber

Сека Саблиќ е една од големите талентирани диви, но многумина не се сеќаваат како изгледала пред повеќе од 50 години.

Јелисавета Сека Саблиќ е веројатно нашиот најголем комичар на Балканот. Без разлика дали мислиме на некоја од улогите од почетокот на нејзината кариера, или на славната Кристина, или на оние подоцнежните, како Вера во „Љубов, навика, паника“, доволно е да се појави да не насмее.

Некрунисаната „кралица на комедијата“ е присутна на актерска сцена повеќе од 50 години, каде што важи за една од најпознатите диви на српскиот театар.

За нејзиниот приватен живот не се знае многу, освен дека го има синот Стефан, а кога луѓето зборуваат за неа најчесто ја замислуватт онаква каква што е денес. Сепак, малкумина не се сеќаваат како изгледала Сека кога била млада...

Денес Сека секако е една од најпопуларните и најомилените актерки во цела Југославија. Патот до светлата кариера и го отвори улогата на Кристина во култниот филм „Маратонци го трчаат почесниот круг“, а покрај бројните одлични улоги, помладата генерација ја памети и како секретарката Маријана од „Среќни луѓе“.

Македонската публика ја памети уште од 1988 година од култната комедија на Коле Ангеловски, „Викенд на мртовци“ како „Секретарката“. А потоа и во македонскиот филм „Бал-кан-кан“ со италијанска копродукција каде ја имаше улогата на популарната Баба Зумбула.

Таа стана членка на Ателје 212 во 1968 година и потоа почна да игра поголеми и позабележителни улоги.

Во 1970 година ја играла улогата на пејачката Рајка во филмот „Бурдуш“, покрај Драгомир Бојаниќ Гидра. Таа потоа во познатата сцена ја отпеа песната „Дај ми чашу ракије“, а многумина ќе се изненадат кога ќе се сетат како изгледала актерката пред 54 години.

Таа е многу препознатлива, па би рекле дека ништо суштински не се променило на нејзиното лице, освен годините, а Сека е вистински пример за природна убавина.

Фото: Фејсбук/ Принтскрин Јутјуб
Извор: Glossy.rs