Иако Васил не влезе, друг Македонец можеби ќе направи бум на Евровизија

Добивај вести на Viber

Дарко Димитров е македонецот кој во моментов е во Ротерам заедно со тимот на српските претставнички на Евросонг 2021. Тој работеше на аранжманот на нивната песна. Групата „Hurricane“ годинава ќе ја претставува Србија на „Евровизија“ а трите членки во Ротердам ќе се претстават со „Loco Loco“.

Досега Димитров неколкупати беше ангажиран за Евросонг а беше дел и од тимот на Тамара Тодевска.


Дел од атмосферата во Ротерам, Дарко споделува на социјалните мрежи. Тој е отпимист дека „Hurricane“ без проблем ќе влезат во финале. 



Па да им држиме среќа.

Водителката на Евровизија била маж: Призна дека е трансродова личност, а поради промената на полот, била цел на закани (ФОТО)