Илјада бисери и повеќе од 500 метри реси: Тоа е повратничкиот фустан на Селин Дион на Олимпијадата
Велат дека таа беше круната на отварањето на Олимписките игри во Париз 2024.
И покрај болеста, се појави како најголема дива и направи светот уште еднаш да ја запамети, не само поради вокалот, туку и поради храброста да ѝ погледне на болеста во очи и да се бори. Пати од вкочанетост на мускулите кои во одредени моменти толку многу се згрчуваат што не може да стане од место. Ова е прво појавување од 2022 година. Ги откажа и сите концерти за оваа.
Да, Селин Дион беше прекрасна вчера.
За нејзиниот изглед, Дион носеше фустан и наметка специјано направен од Диор и уникатен со долги ракави, изработен од „илјада бисери и повеќе од 500 метри реси“, се вели во соопштението за печатот.
Таа имаше додатоци со блескав накит, вклучувајќи висечки обетки за да додаде уште повеќе сјај. Ја носеше собраната коса во ниска пунџа, храбар зачаден изглед кај очите со „ненашминкана“ усна.