Има 61 година, а изгледа совршено: Ова е тајната на витката линија на поранешната мис на Југославија - секоја жена може да ја примени

Добивај вести на Viber

Поранешната мис на Југославија и во седмата деценија ја одржува витката фигура, па таа титула ѝ одговара и денес

Поранешната мис на Југославија, Ана Сасо има 61 година. Таа беше избрана за Мис во 1982 година, а една година подоцна сними позната реклама за Пипи и стана се*с симбол. Ана постигна добар успех и на изборот за Мис на светот во Лондон, каде што беше меѓу 15-те полуфиналистки. После тоа, таа се повлече од јавниот живот, а среќата ја најде покрај хирург од Сплит.

Убавината на Ана остана безвременска, што го забележуваат сите кои ја среќаваат или го посетуваат нејзиниот Инстаграм профил. Ана, всушност, сè уште ја има речиси истата линија како кога имала 20-ет години, што може да се види на последните фотографии што ги објави на социјалните мрежи. Таа еднаш за „24сата.хр“ ја откри тајната на својот изглед: „Вежбам, прашање е само на гени, но не внимавам на исхраната. Сакам да јадам. Воопшто не сум пребирлива. Јадам сè освен ананас, кој едноставно не го сакам“.


Таа оди во теретана три пати неделно по два часа бидејќи верува дека вежбањето е добро и за телото и за духот. Покрај тоа, поранешната мисица  трча од 18-годишна возраст. Кога станува збор за нега на кожата, Ана еднаш рече: „Сите мислат дека секогаш сум во некој салон за убавина. Одам само во фризерски салон. Сакам да се мачкам со разни креми. Но, тие не се скапи креми“, откри во една прилика таа.

 

Фото: Инстаграм