„Има дистанца меѓу нас, но бевме многу блиски...“: Мајката на Жељко Јоксимовиќ, вака зборуваше за конфликтот со Јована
Жељко Јоксимовиќ и водителката Јована Јоксимовиќ се обидуваат да ја заштитат својата приватност од јавноста, а во една прилика мајката на пејачот проговори за конфликт со нејзината снаа.
Весна Јоксимовиќ откри дека таа и Јована одлично се согласувале, но дека нивната врска е значително нарушена во последните години.
- Јована е токму типот на девојка што му се допаѓа на Жељко. Некое време ја гледав многу често и бевме многу блиски, но кога во весник објавив дека сакам внуци, се оддалечивме. Потоа излезе насловот „Мајката на Жељко откри дека Јована е бремена“, што беше чиста лага, а јас не бев ниту виновна ниту одговорна за штетата. Изгледа дека не можеше да ми го прости тоа, а оттогаш постои одредена дистанца меѓу нас - зборовите на Весна ги пренесе тогаш „express.ba“.
Како започна нивната љубов
Како што еднаш откри Жељко, за нивната љубов пресудила неговата музика.
На почетокот на нивната врска Јована го повозила, а Жељко како анегдота го раскажува тоа што се случило тогаш.
-Кога се запознавме, таа еднаш ме возеше со автомобил, а се сеќавам дека имаше супер, луд автомобил. Таа ме вози, а јас само ја отворам фиоката и гледам што има напред, ЦД-а на кои ништо не е напишано, и гледам, мое ЦД! Велам: „Чекај, чекај, па ти мене ме слушаш“! И тоа пресуди. Се двоумев извесно време, но кога го видов цедето, тоа беше тоа – во една прилика изјави Жељко.
Фото: Инстаграм/Youtube - screenshoot