Имаат многу необична врска која ги руши сите предрасуди: Пејачката Сека Алексиќ вака ја нарекува свекрвата

Има еден од најхармоничните бракови на музичката сцена во Србија!

Пејачката Сека Алексиќ со години ужива во голема љубов со сопругот Вељко Пиљкиќ. Познатата дама постојано истакнува дека во се ја има неговата безрезервна поддршка! Но, она што е многу интересно е нејзиниот однос со свекрвата!

Имено, свекорот на Сека, Мидораг и свекрвата Виолета живеат во Неготин, а оваа уметница често ги посетува со сопругот. Празниците најчесто ги поминуваат заедно, па оваа година веројатно со нив ќе го прослават големиот празник Велигден.


Сека во една прилика истакна дека има голема почит кон својата свекрва.

- Ја викам мама, мајче, мајка, кога како. Мојата свекрва знае се да прави, па научив многу од неа – истакна во една прилика пејачката.

Нивната врска ги урна сите стереотипи и предрасуди. Откако Вељко и Сека добија деца, врската меѓу популарната пејачка и нејзината свекрва стана уште поблиска.


- Со мајката на Вељко сме како пријателки. Таа сака да ми помага со децата. Ние размислуваме на многу сличен начин и споделуваме исти вредности. Нашата врска е полна со почит и љубов, па тешко ми е да замислам како би била ако беше поинаку. Мислам дека е стереотип дека снаите и свекрвите не се согласуваат – истакна Сека за „Стори“.

Она што може да го очекуваме од Сека Алексиќ во наредниот период се нови песни, како што објави таа на социјалните мрежи.


Фото: Инстаграм - Сека Алексиќ

Ослабе 10 килограми без диета: Сека Алексиќ откри како успеала во тоа