Имаат само три букви: Најубавите кратки имиња за девојчиња

ИДЕИ за името на вашите миленички

Ова се петте најкратки, а од друга страна најубавите имиња за девојчиња.

А кога ќе слушнете какви значења имаат, нема да можете да се одлучите кое е најубавото.

Миа - име со латинско потекло, чие значење е: моја, исто така кратенка од името Марија - голема, господарка

Леа - потеклото на името е латинско, leo (leonis), но е преземено од грчкиот јазик со истото значење - лав. Според тоа, Леа би го имала значењето на лавица

Ена - потекнува од името Ирена (грчко име Eiréne) што значи мир, божицата на мирот

Уна - според името на реката, а на латински - единствена

Ева - име од хебрејско потекло, што значи живот, жив, онаа што дарува живот