Имал 40 љубовници: Најтажната принцеза три пати бегала од него- зошто рони таа солзи?
Принцот Алберт Втори неодамна се појави на настанот „Фајт сида Монако“ по повод 20-годишнината од невладината организација за СИДА. Изгледаше многу весело, а позираше во друштво на својата сестра, принцезата Стефани и внуките. Темата на настанот беа осумдесеттите, а Алберт ги изненади сите со својот изглед.
Вниманието го привлече со бели панталони, црна јакна и портокалова маичка со натпис „Ѕвездички 80“. Големата годишнина беше прославена со песни од осумдесеттите, а врв на вечерта беше почит на принцезата Стефани, кога целиот тим на Fight Aids Монако ја пееше „L'or de nos vies“ во нејзина чест.
Алберт овој пат се појави без својата сопруга Шарлин, која со години е позната како „најнесреќната принцеза“. Овој прекар го доби поради фотографиите на кои плаче во венчаницата. Причината за нејзините солзи наводно било сознанието дека Алберт ја изневерува. Инаку, Алберт имал преку 40 љубовници, меѓу кои и една југословенска принцеза.
Освен Наоми Кембел, Џенис Дикинсон, Соња Морган, Никол Коста и многу други, тука беше и Катарина Оксенберг, југословенската принцеза. Американската актерка со српско потекло се прослави со улогата на Аманда Карингтон во серијата „Династија“. Ќерката на Хауард Оксенберг и принцезата Јелисавета Караѓорѓевиќ, која исто така е синокрвава, е една од многуте кои го привлекоа вниманието на принцот Алберт, пишува Мондо.
Во 2014 година Алберт и Шарлин ги добија близнаците Габриел и Жак, по што принцезата го насочи целото внимание и љубов кон нив. Но, кога одвреме-навреме се појавуваат некои нови фотографии, нејзиниот израз на лицето открива тага за која никогаш немала прилика јавно да зборува, пишува Стил. Таа одредено време не се појавуваше во јавноста поради епилептичните напади и бројните инфекции кои ги доби во земјата од кај што потекнува- Јужно- Африканската република, за потоа да замине на подолг период на лечење во Швајцарија, наводно и поради психички проблеми.
Се појавија и заедно со целото семејство (Шарлин е поранешна олимписка пливачка) на отварањето на Олимписките игри во Париз 2024.
извор: Стил
Фото: Инстаграм