Имам пет мали деца и ниедно од нив не носи пелени: Како ми успеа
Без осипи од пелени, без запек, без непотребни трауми кога преминуваат од пелена во нокшир до ве-це школка, без мокрење во кревет.
Кога ќе им кажам на другите мајки дека имам пет деца кои не носат пелени и дека не мораше да учам ниту едно за на нокшир, тие секогаш остануваат без текст затоа што не знаат со кои методи го правев тоа, вели Андреа Олсон, мајката која на Инстаграм зборуваше на таа тема.
На својот блог и Инстаграм, таа ги открива триковите што ги користела за да успее во намерата нејзините деца да поминат што е можно помалку време во пелени.
Како прво, дозволете ми да споменам една работа: нема да биде лесно. Јас применив метод што го нареков „разговор за елиминацијата“. Станува збор за обука на бебето на ве-це школка, со цел целосно да се отстранат пелените од мали нозе.
Мојот метод започнува веднаш по раѓањето, бидејќи е полесно да се започне што е можно побрзо и затоа што новороденчињата имаат свои инстинкти во врска со хигиената, кои подоцна ослабуваат. Зошто би им дозволила на моите деца да какаат и да мочкаат во своите пелени кога имаат инстинкти што им кажуваат да не го прават тоа. И од биологијата и од психологијата станува јасно дека бебињата нема да вршат нужда во пелени, освен ако не бидат принудени да го сторат тоа. Значи, штом почнаа да стојат, ги вадам од пелената.
Додека бев бремена со моето прво дете, читав многу за овој метод на елиминирање на пелени и го применив веднаш штом се роди. Тоа веднаш се навикна на мокрење во ве-це школка и тоа придонесе многу за мојата самодоверба како нова мајка. Во следните осум години родив уште четири деца и ги навикнав на овој метод. Кога луѓето ме прашуваат зошто го правам ова, ја кажувам вистината:
- Затоа што е полесно отколку да смениш милион валкани пелени. И, зошто би сакала да седам и да чекам моето дете да мокри и да го чистам тоа? И бебињата го претпочитаат овој метод.
Така е полесно, поудобно за бебињата, помалку мака и поздраво. Без осип од пелени, без запек, без непотребната траума кога преминуваат од пелена во нокшир до ве-це школка, без мокрење во кревет.. И не само тоа, заштедивме околу 10.000 долари на пелени, ја спасивме животната средина и израснавме деца кои не се опкружени со смрдеа од валкани пелени.
За секој што ќе ми каже дека ми е лесно затоа што сум домаќинка, имам едно да кажам. Имам три свои фирми, пет деца и живеам во куќа на село од 1890 година (така што постојано мораме да поправаме нешто). Работам четири дена во неделата од дома и со сето тоа уште и дојам. Остатокот од денот чувам деца, планирам оброци, чистам, купувам и правам се' што е потребно. Ако можам јас, можете и вие.
Секое од моите деца беше без пелена штом стана и почна да учи да оди. Првото дете соблече пелени на 9,5 месеци, второто на 13, третото на 17 месеци, четвртото на 12 и петтото на 13 месеци.
Сите престанаа да мократ ноќе на околу 26 месеци, кога престанаа да носат и ноќни пелени.
извор:detinjarije.com