Имав повреда и на срцето и на градниот кош: Деа Ѓурѓевиќ првпат проговори за операциите
Деа Ѓурѓевиќ која во февруари годинава доживеа тешка сообраќајна несреќа во која ѝ беше
откината раката, првпат проговори за низата други комлицирани интервенции
додека лекарите се бореле за нејзиниот живот.
И покрај лошите
прогнози на лекарите, на 6 февруари се разбуди од кома, а во интервју за
„Базар“ раскажува дека во тие тешки моменти единствената мисла која ја водела била дека е премлада за да умре. Вели дека во нејзината болничка соба немало
простор за солзи. Деа открива дека имала и многу други комплицирани
повреди.
- Имав повеќе повреди кои беа опасни по живот. Професор Бумбаширевиќ е магионичар. Тој успеа да ја прешие и поврзе раката која беше целосно ампутирана. Имав повреда на срцето, градниот кош, на карлицата и проблеми со движењето на едната нога. Бев неподвижна со големи болки. Беше тешко, 48 часа беспомошно лежев, имав повеќе операции, но се изборив - вели Ѓурѓевиќ за „Базар“.
Водителката на утринската програма на телевизија Пинк со право може да се каже дека е херој. Суперхерој! Сите кои лично ја познаваат оваа девојка од која зрачи неверојатен оптимизам, се согласуваат со оценката дека само благодарение на нејзината енергија и на професионалноста на лекарите успеала да ја преживее несреќата од која едвај остана жива.
Денес, само шест месеци по немилиот настан, Деа работи со истиот жар, секојдневно оди на вежбање, се дружи со пријателите и ужива во сите оние активности кои ги практикувала и пред трагедијата.