Имав различни симптоми од оние кои ги соопштуваат на вести: Дневникот на девојка заразена од КОВИД-19

Добивај вести на Viber

фото: twitter/JuliaBuscaglia

Американската студентка Јулија Бускалија отпатувала за Италија во јануари, не знаејќи дека ќе се разболи со вирусот корона само неколку недели подоцна.
Таа прво го изгубила чувството за слух, па за вкус и мирис, но во искуството што го сподели на профилот на Твитер, таа објасни дека има различни симптоми  од оние што ги соопштуваат, како сува кашлица и треска.

29 февруари: Се разбудив во агонија. Главата ми пукаше, ушите ми беа затнати, и се чувствував како да имам оган во грлото. Телото ми чешаше, имав температура од 37,8. Земав лекови за да ја намалам температурата и останав во кревет цел ден.

1 март: Се чувствував подобро, но поради растечките тензии во Италија, решив да побарам лекар. Лекарот ми рече дека имам настинка. Го изгубив слухот во левото уво, мислев дека е запушено. Сè уште не кашлав.

2 март: Слушав сè помалку. Се чувствував како да имам топка во грлото, но докторот ми рече дека е само грип. Бидејќи хаосот веќе се одвиваше во Италија,  брзо се вратив дома.

3 март: Мојот последен ден во Италија. Сè уште не слушнав добро, и го изгубив сетилото за мирис и вкус. Интересно е што, воопшто не кашлав. Имав постојана главоболка. Следното утро патував за Америка.

4 март: Ова е денот кога навистина се исплашив. Отидов дома и никој апсолутно не ме провери на границата. Дури и не ме погледнаа. Престојував во голем град и никој не мислеше дека може да имам вирус.

5 до 13 март: Како што ми беше кажано, останав во карантин и имав контакт само со две лица. Немав никакви симптоми од тие кои Центарот за контрола и превенција на болести ги соопшти. Почнав да кашлам, а конечно ми се вратија сетилата за слух, мирис и вкус.

13 март: Петок 13-ти беше денот кога конечно се тестирав. Случајност? Не планирав да се тестирам, но бидејќи членовите на моето семејство работеа во здравството, тие сакаа да бидам безбедна пред да се вратам на работа. Бев одбиена неколку пати.

14 март: Повеќе немав никакви симптоми, малку кашлица, сè додека не ми ги покажаа резултатите од тестот - бев позитивна на КОВИД-19. Не можев да верувам! Како е можно тоа?

Немав симптоми за кои пишуваат во вестите, докторот ми рече дека сум добро, никој не се грижеше за мене за време на патувањето.
Ви го кажувам сето ова затоа што она што тие ви го кажуваат се симптоми, но не СИТЕ симптоми. Единствениот вообичаен симптом што го имав беше треска.

Не знам како се заразив. Ова е токму причината зошто треба да останеме на затворено. Останувам во карантин додека не сум негативна двапати. Јас сум дома од 5 март.

Се шегувавме за овој вирус, но ова веќе не е шега.  Затоа ве молам останете во куќите. Бидете безбедни и бидете паметни. Ограничете ги вашите контакти. Пијте многу течности и редовно мијте ги рацете.
И, запомнете, ако немате симптоми НЕ значи дека немате ниту вирус - напиша Јулија на Твитер.