Име со емотивно значење ќе добие синот на Петар Грашо: Еве каде ќе го прослави раѓањето на неговиот наследник

Добивај вести на Viber

Како што пишуваат хрватските медиуми, породувањето поминало добро.

Хрватскиот пејач Петар Грашо доби второ дете со сопругата Хана Хуљиќ.

Хана се породила со царски рез, а родила син на кој родителите му го дале името Тони.

Како што пишуваат хрватските медиуми, породувањето поминало добро, Хана се чувствува добро, а ја крстиле по покојниот дедо на пејачот, Тончи.

Родителите се многу среќни како и помалата сестра Алба. Мајката и бебето биле добро, а семејството Грашо дискретно ќе го прослави новото доаѓање во кругот на семејството.

Да потсетиме, музичарот Петар Грашо и Хана Хуљиќ се венчаа на 18 февруари во црквата Свети Франциско во Сплит.

- Ако постојат двајца луѓе кои најмалку сакаат да бидат експонирани надвор од работата, тогаш тоа се јас и Хана. Медиумите само си ја работеа својата работа, не им се додворувам. Разговарав со пријателите новинари. Им реков „Луѓе, за што уште?“, изјавил Петар за RTL. HR.

Грашо во таа прилика призна дека тој и Хана направиле грешка која во голема мера влијаела на нивните свадбени планови.

- Ние бевме само двајца луѓе кои сакаа да се венчаат во кругот на пријателите, но направивме мала грешка. Колку повеќе бевме затворени, толку повеќе бевме опколени. Мене поважно ми беше важен гласот, отколку сликата, изјавил Грашо.

Фото: Инстаграм
Извор: Еspreso.co.rs