Имлек Протеин – движечката сила на 11 000 учесници на Виз Ер маратонот

Добивај вести на Viber

Имлек Протеин даде своја поддршка на еден од најголемите спортски настани овој викенд. На Виз Ер Скопски маратон, што се одржа во неделата на 1 октомври, истрчаа 11 000 маратонци, полумаратонци и рекреативци, а Имлек Протеин беше нивни поддржувач. Дополнително имаше поставено и зона за забава за сите присутни, со разни реквизити за бодрење, игри како скок во височина и тркало на среќата, подароци, релаксација и обновување на енергијата на учесниците на трката со оптимална доза Имлек протеински шејк, а за навивачите и поддржувачите беше идеално место за бодрење и дружење.

Присуството на Имлек Протеин на овој спортски настан е поради исклучителното значење за снабдувањето на телото со протеини кои се потребни за градење и регенерирање на ткивата по завршување на спортска активност. Конкретно по трчање, мускулите се исцрпени, па неопходно е да се внесе доволна доза протеин како основа за градење здрава мускулна маса.

Имлек Протеин не содржи додаден шеќер или лактоза, а процентот на млечни масти изнесува само 0,1%. Со консумирање на Имлек Протеин 300мл се добива загарантирана доза од 30 грама 100% чист млечен протеин. Достапен е како шејк во три различни вкуса: чоколадо, ванила и јагода, и Имлек Протеин чоколада во пакување од 500 мл, но и како пудинг во три варијанти: чоколадо, ванила и солена карамела.

Виз Ер Скопски маратон годинава се одржа по 19ти пат. Маратонот е сертифициран од страна на АИМС и Светска атлетика и е дел од квалификациските трки за Светско првенство во старосни категории, под капата на ABBOTT WORLD MARATHON MAJORS, кое ќе се одржи во Чикаго на 8 октомври 2023 година. Учесниците љубители на спортот и трчањето се натпреваруваа во четири категории: Маратон, Полумаратон, Штафетен маратон и трка од 5км.

Имлек Протеин беше омилен протеински пијалак и на осум други трки оваа година. Продолжуваме со поддршката и најавуваме забава за сите спортисти, ентузијасти и рекреативци подготвени за освојување нови предизвици.