Influencer Awards 2024: Нова категорија за најдобар брк, поддржана од dm

Добивај вести на Viber

Со присуство на бројни познати инфлуенсери, во атмосфера исполнета со забавa, музика и позитивна енергија, на 3 декември, во Ragusa 360 Rooftop, се одржаа Influencer awards, организирани од  „Убавина и здравје“.

Во рамките на настанот, dm со гордост поддржа нова категорија за номинации: Најдобар брк. Оваа категорија беше создадена со цел да се подигне свеста за машкото здравје и важноста на редовните прегледи и самопрегледи. Со оваа иницијатива, dm ги поттикна мажите да се грижат за своето здравје и да не заборават дека превенцијата е половина здравје.


„Оваа вечер не беше само прослава на инфлуенсерите, туку и важен поттик за сите присутни да размислат за своето здравје. Ова е една од многуте иницијативи кои низа години наназад ги посветуваме за подигнување на свеста за машкото здравје. А, сега сме особено среќни што успеавме да покажеме дека забавата и свеста за здравјето можат да одат рака под рака.“ – Изјави Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникации во dm.


На големо изненадување, во категоријата „Најдобар брк“, беа избрани два победници - Ѓорѓи Алексовски и Боро Секуловски (познат како Боро КОСА), кои со своите стилски бркови ја освоија публиката. Наградите им беа врачени од д-р специјалист уролог Мaja Софрониевска Главинов, која со својата стручност и шарм ја направи моментот уште поинспиративен.

,,Им давам совет и на тие што имаат, но и на оние кои немаат брк – најмалку еднаш во годината да посетат уролог затоа што тоа не е страшно и срамно. Раното откривање на болестите, води до загарантирано излекување“, порача д-р Маја.


Со многу смеа, музика и позитивна атмосфера, Influencer Awards 2024 стана незаборавен настан, кој остави траен печат. Нека оваа иницијатива биде поттик за сите нас да се грижиме за своето здравје и да ги славиме нашите уникатности!


*Пр објава