Интелигентните луѓе никогаш не ги прават овие работи во врска
Потребно е многу напор, трпеливост и време да се направи врската здрава. Тоа може да биде многу емотивно исцрпувачка и тешка работа, така што нашето однесување во некои моменти може да биде доста преоптоварено. За да се избегнат непотребни кавги и да се олесни состојбата ... Интелигентните луѓе:
1. Не ја анализираат секоја ситница
Ментално силните луѓе не го анализираат значењето зад кој било збор или активност на други лица. Потрошувачката на енергија за такви работи нема никаква смисла, бидејќи повеќето зборови или акции едноставно немаат скриено значење.
2. Не сметаат дека треба да бидат надополнети од нивниот партнер
Таквите луѓе прво се надополнуваат себе си, а потоа бараат некој со кој ќе го поминат животот. Многу е важно едно лице да може да ужива во сопственото друштво и да знае дека тоа е доволно за себе.
3. Не го спомнуваат минатото
Тие го избегнуваат непотребното споменување на минатото во аргумент кој нема никаква врска со тоа. Во тој момент, тие се обидуваат да ја подобрат сегашната ситуација, а не да ја донесат на полошо.
4. Не бараат примери во други врски
Тие се целосно посветени на самите себе и на нивниот партнер. Копирањето или фокусирањето на туѓите односи и врски нема смисла бидејќи секоја врска е различна и многу се свесни за тоа.
5. Не го омаловажуваат својот партнер
Тие знаат дека ваквото негативно однесување не служи за ништо. Се разбира, секогаш е полесно да се обвинува другата личност наместо себе си. Но врската може да биде успешна само кога ќе престанеме да го омаложуваме партнерот за да се чувствуваме подобро.
6. Не престануваат да комуницираат
Ментално силните луѓе комуницираат со другите, без разлика дали односот е добар или лош. Тие не ги избегнуваат разговорите што треба да ги направат, но ги гледаат како можности за подобрување на односот.
7. Не престануваат да се сакаат себе си
Тие знаат дека е важно прво да се сакаш себеси за да може да ги сакаш другите. Тие прво се обидуваат да го пофобрат својот живот за да може да им помогнат на луѓето околу себе.
8. Не веруваат дека можат да го „поправат“ партнерот
Тие се обидуваат да го разберат и да му помогнат на својот партнер на каков било начин, но знаат дека не можат да го променат. Тие не се мешаат и знаат дека само поединецот може сам да се промени.
9. Не се обидуваат да го забрзаат процесот на напредок на врската
Тие се потпираат на природниот тек на врската, бидејќи знаат дека нема смисла да го забрзуваат процесот. Поважно е нивното подобрување на односите и развојот на успешното разбирање и комуникација.
10. Не остануваат во нездрави врски
Ментално силните луѓе знаат кога врската е завршена. Тие знаат дека ги инвестирале сите напори и цело време, но врската едноставно не функционира повеќе.