Интернационални манекенки од светските модни писти пристигнуваат во „Тиквеш“

Добивај вести на Viber

Атрактивниот светски модел Гошиа Гузовска заедно со две интернационални манекенки ќе ја промовираат најголемата македонска винарница „Тиквеш“ на домашниот и светските пазари. Во уникатниот амбиент на винскиот подрум на винарската визба „Тиквеш“ беше организирана ексклузивна фото-сесија со овие модели од светските модни писти.

Полската убавица Гошиа Гузовска  има светска манекенска кариера и настапува за големи модни брендови како Victoria Secret, Dolce & Gabbana, Givenchy, 303 Avenue и други. Гошиа, која од Fashion Post во 2017 година беше најавена како „бомбата од Полска“, според упатените модни сајтови вреди над пет милиони евра.

Покрај светската манекенска кариера, Гошиа е меѓу топ-инфлуенсерките во Полска со најголем број следбеници на Инстаграм. Таа е и сопственик на дизајнерската линија на златен накит @luawarsaw.

Фотографиите од сесијата во „Тиквеш“ со вечната тема „спојот на виното и убавината“ ќе бидат користени за промотивните потреби на винарницата на интернационалните пазари, но и потенцијално и за едиторијали во светските модни изданија.

Оваа активност е дел од континуираната стратегија на „Тиквеш“ за промоција на  врвните вина на винарницата како и за поголемо брендирање на Македонија како земја од каде потекнуваат и се произведуваат прекрасни, автентични и возбудливи вина.


*пр објава