Искористете ги предностите на Samsung и опремете го вашиот дом за зимата
Грејната сезона е сè поблиску, а со тоа чистењето и одржувањето на домот станува посложено. Доколку ви треба освежување на вашиот дом и сакате да ги замените старите апарати за домаќинство со нови и поефикасни технолошки решенија, Samsung во моментов нуди голема погодност. Искористете ја можноста, бидејќи со купување на избрани модели на правосмукалки, машини за перење и сушење, машини за миење садови, печки и фрижидери, добивате до 25% попуст и петгодишна гаранција за долгорочна безбедност.
За хигиенски чист дом
За ефикасно вшмукување, тука е моќната правосмукалка Bespoke™ Completeсо која можете да чистите различни типови на подови и тоа со максимална моќност на вшмукување од 210 W, како и функции кои обезбедуваат ефикасно и хигиенско чистење,без прашина во воздухот или на подот. Иновативната мултифункционална единица за чистење, автоматски го празни просторот за складирање прашина, задржувајќи 99,999% од честичките прашина. Овој модел е опремен и со понапреден мотор со дигитален инвертер кој е побрз, помал и поефикасен од конвенционалниот мотор, со подолго траење на батеријата.
За свежа и миризлива облека
Со промената на сезоната ги менуваме и алиштата што треба да се перат– летната облека која ја одложуваме и есенската што ќе ја носиме следните неколку месеци. Машината за перење Samsung WW5000T обезбедува ефикасно перење дури и на пониски температури со технологијата Eco Bubble™. Системот QuickDrive™ го скратува времето на перење без да ја намали ефикасноста, а има и практична врата Add Wash, која ви овозможува да додавате заборавена облека или детергент, дури и за време на самото перење. Машината за перење со хигиенска пареа ја отстранува и тврдокорната нечистотија и 99,9% од бактериите и алергените, додека моќната AI Control, со помош на вештачката интелигенција персонализира и предлага циклуси на перење преку анализа на шемите на употреба, нудејќи ефикасно и лесно чистење на облеката.
За највкусни јадења
Samsung електричната печка со пиролитичко чистење(NV70K3370BS) има модерен дизајн со LED дисплеј што го прави готвењето вистинско задоволство. Со системот Dual Cook Flex, корисникот може истовремено да подготвува различни јадења без мешање мириси или вкусови, без непотребно губење време, апечкатаима голем капацитет од 75 L. Создадена е врз основа на AI технологија, која нуди поврзани функции преку апликацијата SmartThings и Wi-Fi мрежата, правејќи го готвењето неверојатно лесно и забавно, а со опцијата за пиролитичко чистење, печката постојаноќе биде чиста и уредна. Покрај сето тоа содржи и енергетска ефикасност од А+ класа.
Специјална есенска понуда со големи попусти
Со комбинација од избрани апарати за домаќинство од Samsung, вашиот дом наесен ќе блесне.Затоа искористете ја оваа неверојатна можност, бидејќи со купување на избрани модели на правосмукалки, машини за перење и сушење, машини за миење садови, печки и фрижидери, вие добивате до 25% попуст и петгодишна гаранција за долгорочна безбедност. Петгодишната гаранција вклучува 2 години фабричка гаранција и 3 години дополнителна Samsung гаранција под услов да се регистрирате наsamsungprodolzenagarancija.mkнајдоцна 30 дена од денот на купувањето. Промоцијата трае од 2.10.2023 до 28.10.2023 година, или додека има залихи, а за повеќе информации посетете го линкот.
###
За компанијата Samsung Electronics Co., Ltd.
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на паметните телевизори, паметни телефони, преносливи уреди, таблети, дигитални уреди, мрежни системи и меморија, LSI системи и LED решенија. За најновите вести, посетете ја Newsroom на Samsung на news.samsung.com.
пр објава