Испиле чаша вода па се струполиле на под: Одморот им се претворил во пекол, едвај преживеале (ФОТО)
Се сомнева дека некој ја ставил синтетичката дрога фентанил во водата што девојките ја пиеле во кафеана.
Студентите од колеџ Зара Хал и Кејли Пиц од Оклахома тешко се разболеле откако испиле вода од чаша во барот на одморалиште во Мексико, пишува The Mirror US. Зара и Кејли биле на одмор во Канкун со своите момчиња и уживале на плажа. Кобниот ден, кога им се слошило, нарачале по една чаша вода во барот покрај базенот, а кога ја испиле наеднаш се струполиле.
Зара почна да се грчи, а Кејли рече дека последното нешто што го запамтила е одење во базен. Девојките биле испратени во нивните соби во инвалидски колички. „Не можевме да одиме, не можевме да зборуваме, ништо. Следното утро не можев да ги отворам очите поради болката, бев многу болна, не можев да се движам“, изјавила Кејли.
Во меѓувреме, Зара била испратена во болница во текот на ноќта откако „почнала да има грчеви во стомакот, па повикале 911“. Меѓутоа, кога стигнала таму, побарале 10.000 долари за да започне лекување, открива нејзиното семејство.
Тие исто така барале од нејзиното момче Џејк да плати 200 долари за да може да преноќи во болница. Зара продолжила да има напади во текот на ноќта и лекарите ја интубирале.
Мајката на Џејк Стефани Снајдер напиша на Фејсбук: „Болницата не ја лекуваше, и дадоа многу лекови. Ја интубираа и му кажаа на Џејк дека е „седација за магнетна резонанца. Немаше причина за тоа, а камоли да ја интубираат. Знаевме дека треба да ја вратиме во САД“.
Семејството и пријателите на Зара ја контактирале американската амбасада, која ја советувала веднаш да се врати во САД. Болницата потоа побарала повеќе пари за да ја ослободи, а брзата помош за да ја врати Зара дома чинела 26.000 долари.
„Се обидовме да кажеме дека мора да ја пуштат и ми рекоа дека нема да дозволат додека не платиме. Ни беше кажано дека сумата ќе продолжи да расте додека не им бидат исплатени парите“, откри Стефани. Но, болниците во САД одбија да ја примат Зара бидејќи мексиканската болница не сакаше да им ги испрати нејзините документи. Стефани додаде: „Тие се обидоа да кажат дека немаат ни факс за да го испратат“.
На крајот, семеен пријател ја платил сметката и Зара се вратила во САД. Нејзиното семејство сега нема 60.000 долари, а нема одговори што се случи со Зара и Кејли. Се сомневаат дека некој во водата им ја ставил синтетичката дрога фентанил, која ја испиле во кафеана.
Откако се врати во САД, здравјето на Зара се подобрило, а таа неодамна беше тргната од апарати и почнала самостојно да дише.
Фото:Инстаграм