Исповед на очајна сопруга и мајка: Тој се разочара кога родив уште една ќерка, а не син
Со години познатиот британски портал „The Sun“ има дел во кој нивната позната колумнистка одговара на прашања од читателите и ги решава нивните приватни проблеми - од најбаналните до најинтимните, пишува „Yumama“.
Така на адресата на популарната Дидре Сандерс пристигна писмо од очајна мајка на две девојчиња. Во писмото се пронајдуваат многу мајки на женски деца, а оваа тажна приказна брзо ги премина границите на Велика Британија и се најде на профилите на социјалните мрежи ширум светот.
Имено, кога несреќната жена на свет донела уште едно девојче, нејзиниот живот се претворил во кошмар, и ова е нејзиното писмо и нејзината приказна:
„Почитувана Дидра,
Мојот сопруг ја опишува нашата ќерка како ужасна егзоцентрична дива, а таа има само шест месеци. Имаме и постара ќерка која има три години.
Кога таа се роди, тој беше видливо разочаран што не беше машко. Сама се будев во текот на ноќта за да ја нахранам, и сама подготвував се низ дома...
Потоа изрази желба да имаме второ дете и вети дека ќе стори повеќе. Кога по втор пат добивме девојче, тој не можеше да го скрие разочарувањето.
Тој има 40 години, а јас 37 години.
Покрај тоа што е невнимателен кон ќерките, тој е премногу груб кон мене - цело време сум на граница „да пукнам“.
Еднаш кога две недели не беше дома поради работата, сè беше совршено во куќата.
Сега се прашувам, дали треба да го избркам од куќата? "
Како и обично, г-ѓа Дидра, и даде совет, кој гласи:
„Со незадоволство велам дека треба да го исфрлите таткото на вашите деца од куќата, но се плашам дека пораките и тензиите што ги апсорбираат девојката не се воопшто добри за нив. И покрај сите тешкотии во кои живеете, јас, исто така, се плашам за нивната безбедност. Ако му кажете дека мора да замине, тој може радикално да се промени, но некако не верувам во тоа.
Нема да биде лесно што и да се одлучите и што и да се случи, па побарајте поддршка. Ве молим контактирајте го вашиот општ лекар за да ви помогне или сами побарајте експерстка помош за вас.“