Исповеди на млади баби: Немаат ниту 40 години, а нивните внуци веќе трчаат низ куќата

Пред три години приказната за британската пратеничка дека ќе стане баба на 38-годишна возраст го натера Би-Би-Си да побара повеќе млади баби кои ќе ја раскажат својата приказна.

Лора Самерфилд (37) од Норвич сè уште не знае како се чувствува, но ќе открие за четири месеци. Нејзината ќерка Џас сè уште не наполнила 18 години, но ќе роди момче за 4 месеци.
„Не можам да ви го опишам задоволството. Плачам од среќа“.
Сосема интересна реакција со оглед дека нејзината ќерка сè уште е малолетна. Сепак, Лора има добри причини за тоа.
"Она што го доживував со Џас во последните години беше пекол. Таа беше проблематична и сега имам чувство дека бременоста ја спаси. Таа е целосно смирена. Чувствувам како да е на вистинскиот пат и конечно го сфати поимот одговорност".

Џас е, исто така, среќна што нејзината мајка имала слично искуство во доцните 90-ти. Лора своето прво дете го добила на 19-годишна возраст и вели дека реакцијата на нејзините родители тогаш не била воопшто позитивна како што реагирала таа денес.
"Тоа беше голем шок за моите родители. Тие беа ужасно тивки, речиси и не разговараа со мене, откако им реков дека сум бремена. Им требаше долго време да ја прифатат ситуацијата".
Новинарите ја прашаа Лора дали е подготвена за новороденче во семејството.
"Многу се радувам за мојот внук. Сакам да им помогнам на ќерка ми и на нејзиното дете. Сакам да бидам најдобрата баба. Отсекогаш сум сакала големо семејство и задоволна сум од целиот развој на настаните. Ова е совршена ситуација", изјавила Лора.

За разлика од Лора, Тери и Лин Ту одамна знаат какво е чувството да си баба и дедо. Тие го имаа својот прв внук кога имаа 38 години, а денес веќе имаат 14 внуци!

"Тие ни донесоа среќа, забава и многу љубов. Годините поминаа брзо, но прекрасните спомени остануваат засекогаш. Се собираме сите неколку пати годишно ", вели Тери, а Лин додава:
"Како да беа бебиња вчера, а денес тие се веќе сериозни луѓе кои заработуваат свои пари. Искрено, сакав деца да останат засекогаш, но нивната љубов кон бабите и дедовците не може да се спореди со ништо ..."

Најновите истражувања покажуваат дека само една петтина од популацијата на возраст меѓу 45 и 54 години имаат внуци. Значи, занемарлив е процентот на оние кои стануваат баби и дедовци во своите 30-ти години. И, конечно, се поставува клучно прашање - која е предноста да имате внуци во вашите 30-ти години?

"Најголемата предност е тоа што сè уште имате енергија да трчате по децата. Вие имате енергија да станете ноќе, но најдобро од сè, тие ви ги враќаат  мајчински инстинкти", вели Мишел Ланкастер, која стана баба на 39-годишна возраст.


Совети од 107- годишна баба за сите жени: За среќен и долг живот, избегнувајте ги овие три работи