Ист како мама Сара Мејс, или копија на тато Димитар: На кој личи малиот Кирил?
Пејачката Сара Мејс на крајот на минатиот месец по втор пат стана мајка. Втората среќа за неа е синчето Кирил, а Сара секојдневно споделува како им поминуваат деновите со Димитар како родители на две деца.
Уште од денот на раѓањето на малиот Кирил, јавноста имаше можност да го види, бидејќи гордите родители веднаш споделија фотографија на која позираат покај наследникот.
Сега, на неколку недели од породувањето, пејачката споделува интересни фотографии од кои може да видиме на кого повеќе личи малиот Кирил.
Коментарите меѓу публиката се поделени, но повеќе преовладуваат оние дека наследникот на Атанасовски е ист како мама Сара.
Инаку малиот Кирил ужива во љубовта која ја добива од најблиските. Неговата сестричка постојано е околу него а додека тој спие таа се забавува во дворот играјќи и уживајќи во последните летни денови.
Фото: Printscreen Instagram
Ја покажа линијата две недели по породувањето: Сара Мејс пополека се враќа во форма (ФОТО)Од роденден на породување: Име со посебно значење за синот на Сара Мејс и Димитар (ФОТО)