Иста насмевка и енергија: Порасна ќерката на Ева Нединковска (ФОТО)
Поранешната пејачка Ева Нединковска, сега со професија претприемач со своја академија е самохрана мајка на ќерката Ена
Ена има седум години и судејќи по објавените фотографии е мала копија на нејзината мајка. Иста насмевка и позитивна енергија кои наликуваат на охриѓанката.
Имено таа објави дека имале совршен слободен ден кои го поминале со пријатели во Градскиот парк во Скопје.
- Мајка сум на малата Ена, која со нејзиното раѓање ми даде уште една и најважна животна смисла и улога. Да воспитам, изградам и оставам позади себе добар човек со вредности, девојка па жена на која светот ќе ѝ носи радост, а и таа нему. За неа сакам само едно - да порасне во племенита и среќна личност, зашто ако имаш среќа, што друго ти треба? А како до среќа? Таа не доаѓа сама, неангажирано. Е, тоа е школата и патот за детето и за родителот. Пат кој е уживање и предизвик да се оди со неа и за кој сум благодарна - раскажа таа во 2021-ва во интервју за Женски Магазин, каде сподели и дека разводот од нејзниот 4-годишен партнер бил тежок, болен и стресен период кој не го посакувала, но кој морал во дадениот момент да се случи.