Исти, а сепак различни: Што ги поврзува Ирена Спировска и Цеца Ражнатовиќ
Имаат 50 години. На нивната убавина и беспрекорна линија, може да им позавидат и помладите од нив. Ирена Спировска царува на македонската естрада како водителка три децении. Цеца Ражнатовиќ го покори Балканот со нејзините песни.
Минатиот петок беа на сцена, во исто време. Ирена ја водеше манифестацијата САМУН ЕМ ТАТЛИЈА која девет години ги промовира традиционалните самун ( пастрмајлија ) и слатката радовишка татлија, традицијата и убавата музика. А две години во рамките на манифестацијата се одржува и фолклорниот фестивал РАДОВИШКИ СОБОР. Публиката се забавуваше со популарните пејачки имиња и јадеше вкусни радовишки самуни. Беше направен и огромен самун долг 6 метри и широк 60 см направен од 10 кг брашно, 15 кг пилешко и 15 кг свинско месо.
Цеца ги забавуваше гостите на свадбата на Јордан Мијалков во хотел Мериот, каде истовремено се промовираше луксузот од секој аспект на ваква веселба. Од изглед на салата, до изборот на јадења и изведувачи.
Двете избраа ист стајлинг – светкав костим од палто и панталони во иста боја. И на двете одлично им прилегаше.
- Наместо долгите елегантни фустани во кои обично е навикната публиката да ме гледа овој пат се решив за панталони во комбинација со палто од светкав материјал во златна боја кој е многу удобен и пријатен за носење,а е и доста актуелен сезонава- ни изјави Ирена.
(С.А.Н)