Истиот квалитет во нов луксузен амбиент: Македонскиот моден бренд „Bella“ со продавница во Ист Гејт Мол
Кога е креирањето на првокласна модна гардероба во прашање, македонскиот бренд „Бела“ уште од 1991 година, постави одредени стандарди и стана препознатлив по префинетиот стил со безвременска вредност. Облеката која ја креираат го одразува стилот на модерната и деловна жена, а веќе 30 години се трудат да го задржат своето место.
Со текот на годините и пристигнувањето на новите опции на пазарување, од „Бела“ се трудат да ги следат најновите трендови, па така со неколку кликови може да дојдете до вашето омилено модно парче. Но, никогаш не заборавија на класичниот модел на пазарување.
Имено, по нивните продавници во ГТЦ и Скопје Сити Мол, од 29 октомври, „Бела“ ги има во новиот трговски центар Ист Гејт Мол. Нивната нова продавница е лоцирана на првиот кат, во истичниот блок на новиот трговски.
Ова ново катче на „Бела“ дефинитивно е идеално место за да се „изгубите“ во светот на модата и да го одберете идеалното парче облека за вашиот следен деловен состанок. Продавницата е уредена по најновите светски стандари и кога еднаш ќе влезете, ќе посакате да го направите тоа повторно и повторно.
На отворањето ги претставија своите последни колекции, како и дел од најновата, која премиерно беше изложена на денот на отворањето на трговскиот центар.
Во ГАЛЕРИЈАТА во продолжение погледнете како изгледа проданивцата, но и дел од атмосферата од големото отварање: